• 5 добри причини
    1. Вклучи и вози: поврзани со иднината
    2. Вклучи и заштеди: Економичен, еколошки, i-MiEV
    3. Вклучи и почувствувај: Компактен, уникатен, i-MiEV
    4. Вклучи и уживај: Тивок, спокоен, i-MiEV
    5. Вклучи и доживеј: Напреден, сигурен, i-MiEV
Откријте повеќе
  • Симнете документ

  • promotional-block

    Пронајдете го Вашиот дилер

    Ви се допаѓа овој модел? Пронајдете го најблискиот дилер на Mitsubishi Motors!

Откријте повеќе

  • ECOLOGY-1

    ПЛАНЕТАТА ЌЕ ТИ ЗАБЛАГОДАРИ

    i-MiEV е 100% електричен, така што не продуцира емисија на гасови при возење. Равенката е едноставна – нула загадување е еднакво на нула CO2 ослободен во атмосферата.






    ECOLOGY-2

    РЕДЕФИНИРАЊЕ НА СИЛИНАТА

    Литиум-јонскиот сет на батерии на i-MiEV составени од 88 келии кои имаат висок капацитет, обезбедуваат импресивни 160км* опсег на возење со едно полнење. Можете да ја искористите предноста од поевтината тарифа на електричната енергија во текот на ноќните часови, што цената на изминат километар ќе биде исклучително ниска. Исто така,новите LED предни светла истотака имаат намалена потрошувачка на електрична енергија. Време е да кажете збогум на бензинот и да кажете здраво на возењето на електрична енергија.*Мерено од NEDC (New European Driving Cycle). Опсегот може да варира во зависност од стилот на возење, условите на патот и користењето на климатизација или греење итн. Исплатливата ноќна тарифа може да варира од планот на компанијата за електрична енергија или може да не е достапен во вашата држава.

                                                                                       Податок: €0.13 / kWh (Мерено од Mitsubishi Motors Corporation)


  • ДИЗАЈН НА i-MiEV

       
    Design Futuristic Way

    design03  design05 

    ФУТУРИСТИЧКИ НАЧИН

    i-MiEV е со должина од само 3,475мм и токму неговата димензија и футиуристички стајлинг е магнет за многу погледи. Благодарејќи на централната поставеност на батериите повеќе кон задната оска,како и долгото меѓуоскино растојание од 2,550мм овозможуваат зголемување на вкупниот баланс и стабилност, со што Ви овозможува возење со самодоверба. Сетот на батерии е поставен под подот за да обезбеди низок центар на гравитација,што од друга страна овозможува т.н.„помеко“ возење,како што би очекувале од луксузно возило.

    i-MiEV со само 4.5 метри радиус на свртување овозможува лесно управување особено при паркирање и маневрирањата во град.


  • imiev-image.jpg

    Седиштата се изработени од материјал со висок квалитет и бели додатоци на рабовите. Вертикално поставените бирачи за к,лима уред,содржат сребрени додатоци кои создаваат контраст во богатите бои на внатрешноста.

    Без звук од мотор во кабината, можете да уживате во Вашата музика од опциски уникатен аудио систем кој поседува CD уред и силни 4 канални засилувачи, како и USВ приклучок.


    i-MiEV - Peacefullspace

    ИНТУИТИВНА ИНСТРУМЕНТ ТАБЛА

    Инструмент таблата на i-MiEV е така дизајнирана што овозможува лесно користење. Опцискиот аудио систем поседува CD уред и силни 4 канални засилувачи со USB приклучок.

     

    Premium Interior

    ПРЕМИУМ ВНАТРЕШНОСТ

    Благодарение на заоблениот облик на покривот и долгото меѓуоскино растојание, четири возрасни лица можат удобно да се возат во возилото .Дури и со четири патници, сеуште остануваат 235 литри товарен простор за користење, додека со двата потпирачи од седиштата преклопени напред се добива 860 литри товарен простор.

     

    *Verband der Automobilindustrie

     




      Remote Control

       

    MiEV ДАЛЕЧИНСКИ СИСТЕМ

    Со МiEV далечинскиот систем*, може да се направи пред-активација на клима уредот,за да се подготви внатрешноста,а со цел сочувување на електричната енергија неопходна за возење.Тајмерот за полнење* истотака на возачот му нуди временски распоред на полнење за најекономичните часови. Вградениот екран го прикажува останатото полнење во батеријата

       

    ДАЛЕЧИНСКИ КЛИМА КОНТРОЛИ

    Клима уредот може да се стартува или сопре преку EV далечинскata контролa. Уште пред да почнете со возењето, можете да ја поставите внатрешната температура во кабината,со што се сочувува енергија за возење.Достапни се неколку начини на користење на работа на клима уредот како што се:COOL, HOT, DEF, A/C OFF. Со DEF, се активира одмрзнувањето на задното ветробранско стакло.


    ТАЈМЕР ЗА ПОЛНЕЊЕ *

    Корисникот може да одбере кога да го полни возилото (пр: да одбере полнењето да биде навечер,а сот тоа и пониско цена на чинење).

    Постојат два тајмери за полнење.ON тајмер: Полнењето да почне во 0 – 19.5 часови

    OFF тајмер: Полнењето да запре во 0 – 19.5 часови, или кога батеријата е целосно наполнета.


    ИНДИКАТОР ЗА НАПОЛНЕТОСТ НА БАТЕРИЈАТА

    Корисникот може да го провери нивото на наполнетост на батеријата.

    *:Се активира кога е поврзан стандардниот кабел за полнење.

  • ПЕРФОРМАНСИ

       
    High torque

    ВИСОК ВРТЕЖЕН МОМЕНТ И ЛЕСНО ЗАБРЗУВАЊЕ

    Лесниот синхрон мотор со перманентен магнет комбинира висока ефикасност со изненадувачки силно и рамномерно забрзување,за добивање силина што овозможува лесно претекнување,додека задните тркала да обезбедат зголемување на управувачките перформанси.Продуцира максимален вртежен момент од 196Nm кој и големите нагорнини ги искачува во еден здив и ја засилува максималната брзина од 130км/ч со што i-MiEV никогаш не реагира бавно под Ваша команда

    Regenerative Brake Control

    РЕГЕНЕРАТИВНА КОНТРОЛА НА СОПИРАЊЕ

    Функцијата на регенеративно сопирање почнува во моментот кога ќе го тргнете стапалото од педалата за забрзување, со што ја складира кинетичката енергија во главната батерија. Количината на енергијата која се складира зависи од забавувањето, кое е одредено од позицијата која е одбрана. Како дополнување, кога ќе ја притиснете педалата за сопирање, енергијата од  регенеративното сопирање се зголемува. Функцијата на регенеративно сопирање е ефективно за зголемување на опсегот на возење 



    Optimised shift positions

    ОПТИМИЗИРАНИ ПОЗИЦИИ ЗА МЕНУВАЊЕ

    Одберете меѓу D-позицијата за градско возење, што Ви овозможува стандардна регенеративна силина на сопирање, B-позицијата за возење по надолнина, нудејќи високо ниво на регенеративна моќ и C-позиција за удобно приградско возење.

    МЕРАЧИ И ЕКРАН 

    Се што Ви треба се наоѓа токму на комбинираниот панел на мерачи: покажувачот на нивото на енергија ја прикажува позицијата на бирачот и Ве информира кога е неопходно полнење на батеријата,додека покажувачот на опсег на возење од десната страна прикажува должина на изминат пат во км,сервисните потсетници и останати помошни информации.


       

    Meter

     

     

    ПРЕДУПРЕДУВАЧКО СВЕТЛО ЗА НИВО НА БАТЕРИЈАТА
    Кога енергијата во батеријата е блиску до нула, светлосен сигнал го предупредува возачот.За да ја сочувате енергијата,вентилаторот ќе продолжи да работи,но клима уредот автоматски престанува со својата работа.

     

    ИНСТРУМЕНТ ЗА НИВО НА ЕНЕРГИЈА СО ИНДИКАТОР ЗА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД НИСКО НИВО НА ЕНЕРГИЈА

    Кога батеријата е на ниво на 1/8 од вкупно наполнета батерија, тогаш индикаторот за предупредување на ниското ниво на енергија трепка за да му соопшти на возачот дека е потребно повторно полнење на батеријата.



    ECO И ЗОНИ НА ПОЛНЕЊЕ 

    Одржување на брзината на движење во ECO Зона ќе би помогне да го зголемите опсегот на возење. Додека во зоната на полнење, индикаторот ќе Ве информира дека батеријата се полни.

    • Oдометар
    • Мерење на изминат пат А
    • Мерење на изминат пат B
    • Контрола на осветлување на инструментите
    • Сервисен потсетник (Растојание за возење кое останува до следниот преглед)
    • Сервисен потсетник (Број на месеци кои остануваат до следниот преглед)
    • TPMS индикатор
    • Индикатор за опсег на возење


    ПОЛНЕЊЕ

       

    СИСТЕМ ЗА ПОЛНЕЊЕ (2 НАЧИНИ)

    Опремен со стандарден приклучок на електрична енергија за целосно полнење од 8 часа и со брз полнач кој овозможува полнење до 80% на батеријата,за само 30 минути.


       

    Charging 

    СТАНДАРДНО ПОЛНЕЊЕ – ЦЕЛОСНО ПОЛНЕЊЕ ЗА 8 ЧАСА 

    Стандардното време за полнење со AC230V, 10A од моментот на трепкање за ниско ниво на енергија е околу 8 часа,но може да се разликува во одделни држави.


    БРЗО ПОЛНЕЊЕ – 80% НАПОЛНЕТА БАТЕРИЈА ЗА 30 МИНУТИ

    Времето за брзо полнење со максимални 50kW може да се разликува во зависност од условите,како што е надворешната температура.


    СТАНДАРДНИ КАБЛИ ЗА ПОЛНЕЊЕ

    i-MiEV нуди опциски индустриски приклучоци и/или Н-тип приклучоци за стандардни кабли за полнење за понатамошно прилагодување на регионите. Како дополнување, регионалните типови приклучоци се истотака достапни.


    Charging 2

       

    ПРИКЛУЧИ И ПРОДОЛЖИ НАТАМУ

    При целосно полнење, i-MiEV има опсег на движење од 160km – совршено за брзо движење во и околу градот.

       
  • БЕЗБЕДНО ПАТУВАЊЕ

       
    Six airbags imiev

    ЗАШТИТА ОД СУДАР

    Вкупно шест SRS воздушни перници помагаат за заштита на возачот и патниците во случај на судар.

    Safety01

    RISE КОНСТРУКЦИЈА 

    Уникатната конструкција на Mitsubishi RISE (Reinforced Impact Safety Evolution). Каросеријата ги апсорбира ударите и обезбедува цврстина на патничкото купе при судар.

    .

    Battery

    НАПРЕДНА БЕЗБЕДНОСТ ЗА БАТЕРИИТЕ

    Батериите на i-MiEV се поставени во водоотпорно пакување кое е лоцирано во внатрешноста на каросеријата и затворено со рамка за заштита од оштетување при судар од која било насока.


    ASC


    ASC СО TCL ГО ДРЖИ I-MIEV ВО ПРАВЕЦ

    При управување на возилото,кога ненадејно се обидувате да избегнете некоја препрека, системот за активна стабилност (ASC) контролиран од MiEV OS ги намалува нестабилните движења како недоволна или преголема управливост. Во лизгави услови, TCL (Traction Control) системот го намалува пролизгувањето за да ја подобри стабилноста при забрзување. ASC со TCL се оптимизирани за електрични возила, поради што се зголемува и стабилноста при регенеративно сопирање.

    Brake Assist Imiev


    BAS СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ СОПИРАЊЕ

    Во ненадејна ситуација на сопирање, возилото на електронски начин го зголемува притисокот на педалата,со што се овозможува максимална сила на сопиарање,а со тоа и спрелување на судар.

    .

    Brake override imiev


    СИСТЕМ ЗА ПРЕДИМСТВО НА СОПИРАЧКАТА

    Овој електронски контролиран систем за сопирање дава предимство на сопирачката над забрзувањето, со што му помага на возачот со ножната сопирачка дури и кога педалата за забрзување е притисната до крај и возилото вози со полна брзина. Со овој систем, возачите одржуваат контрола над нивните возила дури и кога има проблем, односно кога педалата за забрзување е потфатена под возачкиот патосник.

    Immobiliser imiev

    ИМОБИЛИЗАТОР

    Клучот пренесува единствен код кој мора да се поклопи со програмираниот код во контролниот моторен систем за да може моторот да стартува со работа. Моторот нема да стартува без ексклузивниот, авторизиран клуч, со што ефективно ќе спречи кражба.


    Performance-Safety-Acousticveh2(1)

    АКУСТИЧЕН СИСТЕМ ЗА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

    Бидејќи i-MiEV нормално е скоро потполно тивок, AVAS создава звук за информирање на пешаците кога возилото приоѓа. Системот ќе озвучи без разлика дали тоа се движи напред или назад, со користење на влез од сензорите за брзина, за сопирање и позицијата на бирачот. AVAS вклучува и звучник и прекинувач за пауза.


    NCAP

    EURO NCAP

    i-MiEV ја има потврдено одличната безбедност преку EURO NCAP тестирањата,на кои за севкупната безбедност освои 4 ѕвездички, што е на еднакво ниво на безбедност,како возило опремено со бензински мотор.