• 5 добри причини
    1. Целосна удобност
    2. Исклучителна агилност
    3. Корисност
    4. Цврст,издржлив
    5. Дoверливост
  • 0 PRODUCTS IN COMPARISON

    Close

    You Cannot Select More Than 5 Cars

Откријте повеќе
  • Симнете документ

  • Promotional block

    Пронајдете дилер

    Пронајдете го најблискиот дилер на Mitsubishi Motors

Discover more
  • НАДВОРЕШНОСТ

    All New L200

    J-Line

    НОВИОТ L200

    Новиот L200,пик-ап возило е комбинација на кабина за патници и товарен дел.Овозможува исклучителна удобност за патување со одлични перформанси и карактеристики за пренесување товар.Искусете ја новата генерација на моделот како никогаш досега.                      

    СТИЛ И МОЌ

    Како врвен атлет,но и со елегантен изглед, новиот L200 е препознатлив со J-line - дизајн линијата. Поседува подобрени аеродинамични карактеристики, што резултира со спортски изглед и подобрена економичност во потрошувачката на гориво.

    ДИЗАЈН ЛИНИЈАТА J-LINE

    Новиот L200 е со динамичен и атлетски стил на изгледот,задржувајќи го софиситицираниот скулптурен дизајн како кај моделот од претходната генерација,

    l200-alloy-wheels-3  

    Chrome grille Chrome rear gate handle

    АЛУМИНИУМСКИ ТРКАЛА

    Новиот L200 поседува стилски обликувани алуминиумски тркала со 6 краци и големина од 16 инчи или со 12-краци и големина од 17 инчи, со што надворешноста добива уште помоќен изглед.                                      

    ХРОМИРАНА РЕШЕТКА

    Надворешниот изглед на новиот L200 е особено истакнат со софистицираниот, но во исто време и мускулест изглед на предната хромирана решетка, која оддава впечаток на луксузност.

    ХРОМИРАНА РАЧКА НА ТОВАРНАТА ВРАТА

    Рачката која е со стилски изглед овозможува со само еден допир лесен пристап до товарниот дел.

    Chrome power door mirror with side turn lamp

    Rain sensor l200-side-step 

    ХРОМИРАНИ РЕТРОВИЗОРИ СО ЕЛЕКТРИЧНО ЗАДВИЖУВАЊЕ И ТРЕПКАЧИ 

    Новиот L200 поседува интегрирани трепкачи и странични индикаториски светла.

    СЕНЗОРИ ЗА ДОЖД

    Сензорите за дожд автоматски ги активираат бришачите за ветробранско стакло кога се детектирани капки од дожд и ги вклучите предните светла доколку тоа е неопходно. 

    СТРАНИЧНА СКАЛА

    Страничната скала обезбедува лесен пристап во возилото и воедно оддаава впечаток на луксузност на надворешниот изглед на возилото. 

    Outstanding aerodynamic performance

    HID Headlamps Antenna

    ИСКЛУЧИТЕЛНИ АЕРОДИНАМИЧНИ ПЕРФОРМАНСИ 

    Новиот L200 лесно го совладува отпорот на ветерот и поседува најдобар коефициент на аеродинамичност во својата класа, 0.40* Cd што овозможува помала бучавост,зголемена економичноста на потрошувачката на гориво и подобрување на стабилноста на возилото.

    * Според резултати од тестирања на Mitsubishi Motors

    HID ПРЕДНИ СВЕТЛА СО ИНТЕГРИРАНИ LED ДНЕВНИ СВЕТЛА 

    HID дневните светла (Bi-Xenon проекторски светла) со впечатлив изглед, исклучително ја подобруваат безбедноста преку зголемување на видливоста при различни услови на возење. LED дневните светла (DRL) дополнително го подобруваат уникатниот изглед.

    АНТЕНА

    Прилагодлива антена поставена на предниот дел на покривот.

     

    ВНАТРЕШНОСТ

    Highmount stop lamp

    Heavy duty Wide open spaces

    СТОП СВЕТЛО

    Светлото е поставено во горвиот дел на задната товарна врата со што се зголемува безбедноста.

    РАБОТНИ ПЕРФОРМАНСИ

    L200 е позната по својата издржливост во различни услови на работа. Особено е зајакнат товарниот дел на возилото со што се овозможува уште поголема поддршка во Вашата работа.

    ШИРОК ОТВОРЕН ПРОСТОР

    Новиот L200 со двојна кабина е лидер во својата класа според просторноста, особено во однос на удобноста на седење. Вградените материјали овозможуваат тивка и пријатна атмосфера во кабината.

    Luxurious new font Quieter, more relaxing

    ЗГОЛЕМЕНА УДОБНОСТ

    1. Зголемена удобност за нозете                      
    2. Поголема странична поддршка
    3. Стабилна позиција на седење                      
    4. Поголема поддршка за горниот дел од телото
    5. Подлабоки краеви на седиштето                      

    Новиот L200 нуди исклучителна удобност при возењето, налик на патничките возила со нови,луксузни седишта.

    ПОТИВКО, ПОРЕЛАКСИРАНО ВОЗЕЊЕ

    Вградените материјали и конструкторски решенија, овозможуваат звучна изолација и избегнување на непосакуваните вибрации, со што се обезбедува тивко и релаксирано возење во кабината на возилото.

    1. Материјал на инструмент табла овозможува звучна апсорбција 
    2. Материјал за под со карактеристика за звучна изолација
    3. Предна конзола која ја неутрализира бучавоста
    4. Конструкција со карактеристика за избегнување на непосакуваните вибрации

    * опремата може да варира во зависност од моделот.

  • ЕФИКАСНОСТ



    2.4-Litre DI-D MIVEC Engine 2.4-Litre Turbo Diesel Engine

    Новиот L200 овозможува вистинско задоволство при возењето, со помош на рачките на управуваачот за менување на брзини или со 6-степениот мануелен менувач, како и минималниот радиус на свртување, кој е најдобар во својата класа.

    2.4-L DI-D MIVEC МОТОР

    Новиот MIVEC дизел мотор, драматично ја зголемува ефикасноста на гориво и ја намалува емисијата на C02, при што обезбедува моќност од 133kW (3500rpm) и вртежен момент од 430Nm (2500rpm).  

    * MIVEC (Mitsubishi Innovative Valve timing Electronic Control system). 
    ** 2.4-litre MIVEC Turbocharged DOHC DI-D High power (133kW/3500rpm. 430 N-m/2500rpm).                                                                                                         

    2.4-L TURBO DIESEL МОТОР

    Овој мотор поседува исклучителна ефикасност на искористување на горивото, ниска емисија на C02 и во исто време одлични перформанси на моќноста и вртежниот момент. 

    * 2.4-litre MIVEC Turbocharged DOHC DI-D High power (133kW/3500rpm. 430 N-m/2500rpm). 

    Auto Stop & Go (AS&G)

    Paddle Shifters 5-Speed Automatic Transmission with Sports Mode

    AUTO STOP & GO (AS&G)

    Auto Stop & Go системот (AS&G) ја намалува потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 преку автоматско исклучување на моторот додека е во позиција на мирување,како што е на пример чекање на семафор.Моторот се вклучува веднаш со притиснување на педалата за куплунг.

    РАЧКИ НА УПРАВУВАЧ ЗА МЕНУВАЊЕ НА БРЗИНИ

    Спортски рачки поставени на управувачот овозможуваат менување на степенот на пренос, без притоа да се тргнат рацете од управувачот. Сосема се едноставни за ракување, а задоволството станува уште поголемо.

    5-СТЕПЕН АВТОМАТСКИ МЕНУВАЧ СО СПОРТСКИ МОД 

    Спортскиот мод на 5-степената автоматска трансмисија овозможува глатко и брзо менување на брзините, а може да се прилагоди и во спортски мод на возење.

    6-Speed manual transmission

    Towing Capacity

    6-СТЕПЕНА МАНУЕЛНА ТРАНСМИСИЈА

    6 мануелни степени на пренос обезбедуваат целосна контрола на моќноста, за да одговара на условите за возење. Широкиот опсег на степени на пренос овозможува заштеда во потрошувачка на гориво.

    КАПАЦИТЕТ НА ВЛЕЧЕЊЕ

    Новиот L200 поседува голем капацитет на влечење кој изнесува од 2,700 до 3,100 kg, со што се овозможува разноликост во влечење на товарот, кога тоа е неопходно.

  • ЦВРСТО УПРАВУВАЊЕ 

    Robust Handling

    All-Terrain-Confidence All-Terrain-Confidence

    ЦВРСТО УПРАВУВАЊЕ

    Новата мускулеста конструкција на каросеријата на L200 и аеродинамичниот дизајн обезбедуваат цврста управливост и рамномерни перформанси на автопат, при што се постигнува постојана контрола на возилото.

    САМОДОВЕРБА НА СЕКАКОВ ТЕРЕН

    Предизвиците доаѓаат во различни форми и големини, но новиот L200 е конструиран да се искачи најгоре и во најтешки услови на возење.  

    САМОДОВЕРБА НА СЕКАКОВ ТЕРЕН

    Подобрена управливост кога се движите на и надвор од патот. Сега со подобрена видливост како резултат на подобрувања на изгледот на капакот на моторот и предното ветробранско стакло  

    All-Terrain-Confidence

    САМОДОВЕРБА НА СЕКАКОВ ТЕРЕН

    Наведените агли важат кога се вградени пневматици 245 / 65R17, странични прагови - цевкаст тип и стилски заден браник-скалаа. Агол на заминување е 25 °, без задниот стилски  браник. Наведените агли важат и кога се вградени пневматици 205R16C без странични прагови.

    SUPER SELECT 4WD-II

    Со користење на бирачот за избор на режим на погон, се овозможува менување на погонот од 2WD (2H) во 4WD (4H) со помош на shift-on-the-fly дури и при брзина на двиѓење до 100 км / ч. Исто така, со користење на 4HLc се овозможува олеснето движење на нерамен терен или со помош на функцијата 4LLc, за движење по стрмнини, кал и снег.

    SUPER SELECT 4WD-II

    SS4-II системот обезбедува низок пренос и заедно со погонот на 4 тркала, 4WD се овозможува подобра стабилност на возилото при движење во свиоци, на асфалтен пат, со избирање на четири режими на возење од бирачот за погонски режим.                        

     
    Super Select 4WD-II

    Super Select 4WD-II rear-differential-lock

    SUPER SELECT 4WD-II

    2H: За нормални услови на патиштата

    4H: За отежнати и опасни услови на патишта 

    4HLc: За нерамен терен, површини со ниско ниво на прилепување

    4LLc: За стрмнини, кал, песок, длабок снег, итн

    EASY SELECT 4WD

    Изберете го Вашиот начин на возење. Погон на 2 тркала - 2WD (2H) за рамномерни перформанси на автопат, до погон на 4 тркала - 4WD (4H) при што се обезбедува поголема влечна сила кај нерамни патишта (возење со брзина до 100 км / ч) и режим 4H, погон на сите четири тркала, но при двиѓење на нерамен терен.

    ЗАКЛУЧУВАЊЕ НА ЗАДЕН ДИФЕРЕНЦИЈАЛ

    Заклучувањето на задниот диференцијал ги минимизира разликите во ротација меѓу предните и задните тркала за да се обезбеди стабилно влечење дури и на песок, кал и карпести површини.

                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                      

    Class-leading 5.9M Turning Radius

    Quick, Responsice Handling

    ВОДЕЧКИ ВО КЛСАТА СО РАДИУС ОД 5,9 метри НА СВРТУВАЊЕ  


    Радиусот на свртување е изненадувачки мал за возило од оваа големина, со што новиот L200 возило кое овозможува особено лесно паркирање и маневрирање.


    БРЗА И ПОДИРЕКТНА УПРАВЛИВОСТ

    Управувачот е спортски и овозможува брзо реагирање на системот за управување, за што е неопходен мал напор за негово свртување.


  • SD НАВИГАЦИСКИ СИСТЕМ 

    SD Navigation System

    Digital Audio Broadcast (DAB) Clear Wide Screen

    SD НАВИГАЦИСКИ СИСТЕМ

    Екранот на мултифункцискиот навигациски систем е централно управуван, на допир, за функции како што се навигација, аудио-музички функции, како и камера за двиѓење наназад.                                                          

    ДИГИТАЛЕН АУДИО СИГНАЛ (DAB)

    DAB системот овозможува да ги слушате Вашите омилени дигитални радио станици со исклучително јасен квалитет на звукот со помош на дигитална технологија.

    ЈАСЕН И ШИРОК ЕКРАН

    Светлиот и широк VGA екран го прикажува секој детал во висока резолуција.               

         
    3D Map View

    Audio System Control 2-Screen Viewing

    3D МАПА

    Картите може да се прегледуваат, вклучително и 3D значајни локации.                    

    КОНТРОЛА НА АУДИО СИСТЕМ

    Различни аудио карактеристики на системот се регулираат преку екранот на допир.                      

    2-ЕКРАНИ

    Два екрани, како што се информации за навигација и аудио, може да бидат прикажани во исто време.        

    CONVENIENCE

       
    Rearview Camera

    USB Connectivity Hands-Free Bluetooth® Telephone

    КАМЕРА ЗА ДВИЖЕЊЕ НАНАЗАД

    Додека SD навигацискиот систем е во употреба, можете да сте водени од јасни насоки на движење, свртување-по-свртување, прикажани на екранот на допир со висока дефиниција.            

    USB ПОВРЗУВАЊЕ

    USB приклучокот овозможува да го поврзете Вашиот медиа уред и да уживате во музичката библиотека со премиум квалитет.                      

    HANDS-FREE BLUETOOTH® ТЕЛЕФОН

    Со поврзување на Вашиот Bluetooth® компатибилен мобилен телефон, се овозможува да правите повици додека го држите управувачот, како и гласовно бирање на саканите контакти..

    Tilt & Telescopic Steering

    Multi-information Display Dual-zone Automatic Air Conditioner

    ВИСИНСКИ & ТЕЛЕСКОПСКИ УПРАВУВАЧ

    Оваа функција овозможува регулирање на управуваачот според висина и длабочина, со што се добива оптималната позиција за возење на возачот, удобно возење, дури и кога се вози на долги релации.                      

    МУЛТИИНФОРМАЦИСКИ ЕКРАН

    Атрактивно дизајниран екран овозможува корисни отчитувања на различни корисни информации,поврзан со патувањето, надворешната температура итн.                     

    ДВОЗОНСКИ АВТОМАТСКИ КЛИМА УРЕД

    Новиот L200 поседува двозонски автоматски клима уред, со што се обезбедува поголема удобност за Вас и Вашите патници..

    Keyless Operation System

    Engine Switch

    БЕЗКЛУЧЕН СИСТЕМ ЗА РАБОТА 

    Со носење на клучот, можете да го притиснете копчето на надворешната страна на влезната врата за да ги заклучите или отклучите сите врати, или само со притиснување на прекинувачот на моторот во кабината да се овозможи стартување на моторот. 

    ПРЕКИНУВАЧ НА МОТОРОТ

    Оперативниот систем без клуч овозможува стартување на моторот само со притискање на копчето кое се наоѓа во близина на централниот панел на инструмент таблата.                       

    ETACS 

    Power Window Timer Auto Door Relock System

    Headlamp Auto Off Function

    ТАЈМЕР ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ПРОЗОРИ

    Дури и по исклучување на моторот, електричните прозорци може да се отворат или затворат за 30 секунди пред отворање на вратата..

    СИСТЕМ ЗА АВТОМАТСКО ЗАКЛУЧУВАЊЕ НА ВРАТИТЕ

    Во рок од 30 секунди по притискање на копчето за отклучување кога сте надвор од автомобилот, овој систем автоматски повторно ќе ги заклучи сите врати доколку не се отворени.

    ФУНКЦИЈА ЗА АВТОМАТСКО ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ПРЕДНИ СВЕТЛА

    По исклучувањето на палењето и кога ќе излезете од автомобилот, предните светла автоматски се исклучуваат, со што се овозможува заштеда на батеријата. 

    Auto Speed Adjustable Wipers

       

    АВТОМАТСКО РЕГУЛИРАЊЕ НА БРЗИНА НА БРИШАЧИ

    Во временскиот режим, бришачите работат побрзо кога возилото вози со поголеми брзини.                      

       
  • ПАСИВНА БЕЗБЕДНОСТ 

    RISE Body

    Rigid Lightweight Body Pretensioners

    RISE КАРОСЕРИЈА

    Mitsubishi RISE е (Reinforced Impact Safety Evolution) каросерија која ефикасно ја апсорбира енергијата и одржува висока цврстина на кабината, во случај на судар.                    

    ЛЕСНА И ЦВРСТА КАРОСЕРИЈА

    Каросеријата е исклучително цврста и лесна, поради несебичната употреба на челични плочи со висока затегнувачка цврстина, која, исто така, придонесува за високо ниво на безбедност при судар.                    

    ЗАТЕГНУВАЧИ

    Затегнувачите на предните појаси автоматски го затегаат ременот во случај на фронтален судир, со што помага во ограничување на движењето на возачот и совозачот                   

     

    АКТИВНА БЕЗБЕДНОСТ

    7 SRS Airbags

    Speed Limiter Active Stability & Traction Control

    7 ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА

    Во случај на судар, седум SRS воздушни перничиња Ве штитат Вас и Вашите патници, преку  апсорбирање на сила на судар, со помош на предни воздушни перничиња, предни странични воздушни перничиња, воздушни завеси и воздушно перниче за колената на возачот                 

    ОГРАНИЧУВАЧ НА БРЗИНА

    За да избегнете да ја прекршите ограничената брзина на движење, можете да го активирате ограничувањето на брзина. Автоматски ќе се прикаже порака за предупредување кога ќе возите побрзо од максималната брзина која ќе ја одберете.                  

    АКТИВНА СТАБИЛНОСТ & КОНТРОЛА НА ПРОЛИЗГУВАЊЕ

    ASTC независно ја регулира силата на сопирање на тркалата при свртување за да се обезбеди одлична стабилност на возилото, оптимална тракција во сите услови, и го спречува пролизгувањето на пневматиците на лизгави површини                      

     
    Trailer Stability Assist (TSA)

    Lane Departure Warning System (LDW) Hill Start Assist (HSA)

    СТАБИЛНОСТ ПРИ ВЛЕЧЕЊЕ (TSA)

    TSA значајно ја зголемува стабилноста при влечење. Ако се открие нишање на возилото, автоматски се прилагодува силата на моторот и силата на сопирање на секое тркало, со цел да се стабилизира возилото и приколката. (Само за модели со ASTC).                

    ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРИ НАПУШТАЊЕ НА КОЛОВОЗНА ЛЕНТА (LDW)

    Ако при движење, почнете да излегувате од Вашата возна лента на движење, кога се патува со брзина поголема од 65 км / ч, системот LDW го детектира тоа преку камерата на предниот ветробран и Ве предупредува со звучен аларм и предупредувачко светло.              

    СИСТЕМ ПРИ ТРГНУВАЊЕ НА НАГОРНИНА (HSA)

    Кога тргнувате со возилото на нагорнина, HSA системот помага во спречување истото да се вратите назад додека ја ослободувате сопирачката.Системот го прави преку одржување на силата на сопирање до две секунди додека не притиснете на педалата за гас. (Само за модели со ASTC)

  • ПРОСТОРНОСТ

    ЦВРСТА СУСПЕНЗИЈА

    Room to Spare

    Cargo Bed Inner Hook x 6 Tough Suspension

    ПРОСТОРНОСТ

    Новиот L200 обезбедува исклучителна просторност и доверливост која Ви е неопходна. Просторот за товарење исто така е солидно зајакнат што резултира во поголема издржливост.
     
     

    КУКИ ЗА ПРИЦВРСТУВАЊЕ ВО ТОВАРЕН ПРОСТОР x 6

    Куките во товарниот простор помагаат во осигурување на товарот.

    ЦВРСТА СУСПЕНЗИЈА

    Возењето е повеќе забавно и стабилно со цврстата суспензија, составено од спирални пружини и стабилизатори напред и листести пружини за задниот дел на возилото.

    ДОВЕРЛИВОСТ 

    Durable Design


    За поголема издржливост при користење на возилото во работни услови, неговиот преден и заден дел се дополнително засилени, имајќи предвид дека истото, поради тежините на товарење има големи оптроварувања.

     

  • 5та ГЕНЕРАЦИЈА НА PICKUP ВОЗИЛО 

    НАСЛЕДСТВО

    History of pickup trucks First generation (1978)

    SPORT UTILITY TRUCK

    Новиот L200, е развиван според концептот "Ultimate Sport Utility Truck," кој ја комбинира внатрешната удобност на патнички автомобил и функционалноста и доверловоста на пик-ап возило.

    ИСТОРИЈА НА PICKUP ВОЗИЛА

    Веќе 36 години,Mitsubishi Motors ги произведува,продавајќи над 4 милиони пик-ап возила, од 1978 година.

    ПРВА ГЕНЕРАЦИЈА (1978)



    Second generation (1986) Third generation (1995) Fourth generation (2004)

    ВТОРА ГЕНЕРАЦИЈА (1986)

    ТРЕТА ГЕНЕРАЦИЈА (1995)

    ЧЕТВРТА ГЕНЕРАЦИЈА (2004)