Зелен, интелигентен избор
Новиот i MiEV ќе биде едно од првите електрични возила лансирани во Европа – создаден да направи револуција во начинот на размислување за автомобилите. i MiEV, или i Mitsubishi innovative Electric Vehicle, претставува врв на еколошката технологија на Mitsubishi Motors и симбол на нашите постојани напори во намалувањето на негативните влијанија врз планетава. Со 0 емисија на CO2, забавно и практичено за возење, ова електрично возило ја претставува нашата мисија во создавањето на алтернативна иднина.
Брзо, динамично, смирувачки тивко, комфорно и пријателски ориентирано, благодарение на негвата 4 вратна конфигурација за 4 патници, i MiEV ќе биде првото практично, модерно електрично возило лансирано и достапно во Европа, меѓу првите од сите производители. Ултра модерниот i MiEV прототип SPORT AIR концепт ги воодушеви присутните на престижниот саем во Женева, март 2009. Прашањето што сите го поставија беше: кога би можеле да имаме едно вакво? Одговорот за Европа, Швајцарија и Норвешка е 2010, но i MiEV се планира да пристигне во Јапонија и Велика Британија во 2009.