• 5 добри причини
    1. Првиот електро-хибриден теренец во светот
    2. Софистициран дизајн, просторна удобност
    3. Премиум возење, ниски трошоци
    4. Максимален опсег, над 800km
    5. Наградуван за најдобра технологија
  • 0 PRODUCTS IN COMPARISON

    Close

    You Cannot Select More Than 5 Cars

Дознајте повеќе
  • Симнете документ

  • Promotional-final

    Пронајдете го Вашиот дилер

    Ви се допаѓа овој модел? Пронајдете го најблискиот дилер на Mitsubishi Motors!

Дознајте повеќе
  • changingthegame_01.jpg

    PLUG-IN-HYBRID EV СИСТЕМ 

    Посакувате долг опсег на возење при електричен режим на возење? OUTLANDER PHEV не е обично електрично возило, бидејќи нуди многу начини да ги наполните батериите во различни ситуации, а со цел да бидете сигурни во продолжување на патувањето до пнатамошната дестинација.

    Доколку возилото го користите во текот на денот, се што треба да направите е батериите, во текот на ноќта да ги наполните со вградениот полнач во рок од за 5 часа. Со опсег од 52км, најголемиот дел од возењето во тек на денот ќе биде направено.

    Постојат три режими на возење, со кои се овозможува заштеда на електрична енергија, во зависност од условите на возење. Додека управувате во град, возилото се движи 100% на електричен погон, а се префрлува во сериски хибриден режим, штом Ви затреба повеќе моќност при возење на нагорнина или при нагло забрзување. Во тој случај моторот генерира електрична енергија за да ги задвижи електромоторите. Кога возилото се движи на автопат, се префрлува во паралелен хибриден режим на работа. Во овој начин на возење моторот со внатрешно согорување го задвижува возилото, а кога е потребна дополнителен моќност, истата се добива и од електромоторите.

    Како дополнување на овие три начини на возење, батеријата истотака можете да ја надополните со регенеративно сопирање. Ова можете едноставно да го контролирате преку рачката од менувачот и селекторот на управувачот или со одбирање на режимот на чување на батериите. Исто така, можете да го користите и брзиот полнач, кој овозможува полнење за 30 минути (до 80% капацитет) на комерцијалните места за полнење.

    Plug-in Хибрид EV системот е развиен на основа на EV технологиите, користени кај i-MiEV возилото. Клучните компоненти како батеријата и моторите константно се набљудуваат и притоа се одржува интегрирана контрола на моторот, потоа на двојните 4WD мотори, регенеративното сопирање, клима уредот и друго, за да се обезбеди безбедно, удобно и возење со ефикасна потрошувачка на гориво.


       

    drive2.jpg

    drive1.jpg

    drive3.jpg

    3 РЕЖИМИ НА ВОЗЕЊЕ

    За удобно и возење со висока ефикасност на потрошувачката на гориво, OUTLANDER PHEV автоматски избира меѓу три режими врз основа на условите на возење.

     

    EV Режим: Само со електрична енергија. Двата мотори го задвижуваат возилото користејќи електрична енергија од батеријата, што резултира со нула потрошувачка на гориво и нула CO2 емисија. Овој начин на возење е тивок, чист и моќен, особено за стартување и ненадејни забрзувања. Максималната брзина е 120 км/ч.

    Сериски Хибриден Режим: Електрична енергија + асистенција на моторот со внатрешно согорување. Двата електромотори го задвижуваат возилото користејќи ја електричната енергија генерирана од моторотсо внатрешно согорување. Моторот генерира електрична енергија кога нивото на батеријата е ниско и кога е потребно зголемена силина, при забрзувате или движење на нагорнини.

    Паралелен Хибриден Режим: Енергија од моторот + асистенција од електромоторите. Моторот со внатрешно согорување го задвижува возилото при високи брзини, а кога е потребно повеќе енергија, се добива дополнителна помош од електро-моторите .

    charge.jpg

    3 НАЧИНИ НА ПОЛНЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА

    За да не дојде до целосно празнење на батеријата, овозможени се три начини на надополнување на истата.

     


     
     

    Полнење со приклучување: Користејќи го инсталираниот полнач, истиот вклучете го на куќно приклучно место за електрична енергија од 230V. На овој начин батеријата може да се наполни целосно за 5 часа (стандардно полнење), или со користење на опциски брз полнач, за само 30 минути (до 80% капацитет) на комерцијални места за полнење (брзо полнење).

    Режим на полнење на батеријата: Во овој случај, моторот континуирано ја полни батеријата дури и кога возилото е запрено. Батеријата се полни до 80% од нејзиниот капацитет за време од 40 минути (во зависност од почетното ниво на батеријата) или 3-литри гориво кога возилото работи во место.

    Возачот може рачно да одбере “Battery Save” режим за да го одржи нивото на електрична енергија во батериите.


    Регенеративно полнење: Батеријата се полни кога возачот ќе ја ослободи педалата за забрзување и при активирање на сопирачката.

    changingthegame_06.jpg

    changingthegame_07.jpg  changingthegame_08.jpg 

    ПОЛНЕЊЕ / СО ПРИКЛУЧУВАЊЕ

    Едноставно поврзете го OUTLANDER PHEV со стандарден излез на електрична енергија. 

    ПОЛНЕЊЕ / СТАНДАРДНО

    При стандардно полнење, процесот трае 5 часа* (со вграден полнач и кабел за полење.)

    *Со 230V/10A напојување на електрична енергија/ 6.5 часа на 230V/8A напојување на електрична енергија. 

    ПОЛНЕЊЕ / БРЗО ПОЛНЕЊЕ

    Користете го опцискиот брз полнач, кој овозможува полнење на батеријата за 30 минути (до 80% капацитет) на комерцијални места за полнење.

    changingthegame_09.jpg  changingthegame_02.jpg

    changingthegame_03.jpg

    ПОЛНЕЊЕ / КАБЛИ ЗА ПОЛНЕЊЕ

    Каблите за полнење вклучуваат изолација на топлина, детекторите имаат безбедносни инструменти. Стандарден тип е 230V 5m.Како опција од производителот се и 230V 10m и 100V 5m.

    PHEV ЛОГО

    PHEV логото е лоцирано на задниот дел од возилото, за да привлече сечиј погледот. Ова лого го симболизира напредниот Plug-in хибриден EV систем на OUTLANDER PHEV.

    ТИВКА РАБОТА

    OUTLANDER PHEV е потивок од кога било. За обезбедување врвна звучна изолација, се користи дебелослоен ветробран. Новите бришачи на ветробранот, исто така ја намалуваат бучавоста од ветрот. Дополнително на тоа, материјали за изолација и апсорпција на звук се користени во просторот на моторот, поткрилата од тркалата и останати места.


    changingthegame_10.jpg

    changingthegame_11.jpg

    changingthegame_12.jpg

    ЕКОЛОГИЈА - НУЛА CO2 ЕМИСИЈА

    Загрижени сте за околината додека возите? Не грижете се повеќе. OUTLANDER PHEV вози со нула потрошувачка на гориво и нула CO2 емисија, кога е во EV режим. Сега можете да уживате во возењето и да бидете пријател на околината.

    ЕКОНОМИЈА - ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО

    Уживајте во значителната економичност на потрошувачката на гориво, која само plug-in хибридите можат да Ви ја понудат. На располагање Ви се 52км опсег возење само со електрична енергијата од батериите.

    КОПЧЕ ЗА ECO РЕЖИМ

    ЕКО режимот го вклучува климатизерот во режим на енергетска ефикасност и го намалува забрзувањето за да ја подобри ефикасноста на гориво.

    changingthegame_13.jpg

       

    ПОЛНЕЊЕ / ВНИМАНИЕ

    Стандардното полнење почнува со едноставно поврзување на кабелот за полнење со извод на електрична енергија, а сопира кога батеријата е полна.

    Предупредување: При полнење, каблите влечат константно максимален износ на електрична енергија прикажано на етикетата од Контролниот Уред во одреден временски интервал. Мора да сте сигурни дека приклучокот и електричната инсталација се компатибилни со најновите стандарди и регулативи и насоки за безбедност. Доколку не сте сигурни за соодветноста на приклучокот на електрична енергија, Ве молиме контактирајте квалификуван електричар за совет кој може да потврди дека Вашиот дом ги исполнува стандардите за електрична инсталација. Генерални насоки:

    Полнете по исполнување на следното:

    -Посебно електрично коло за електрични возила

    -Прекинувач на електричното коло за вишок на струја од дистрибуциската табла и посебниот кружен ток

    -Приклучок за полнење отпорен на лоши временски услови

    Секогаш полнете со стандардните кабли за полнење и заземјен приклучок. Не користете конвертери/адаптери или продолжни кабли. Не поврзувајте на три фазен AC електричен извод или едно фазен AC електричен извод над назначените AC230V. За повеќе информации контактирајте го Вашиот локален Mitsubishi застапник.

    Брзо полнење

    Батеријата на OUTLANDER PHEV може да се полни користејќи го брзиот полнач сертифициран од CHAdeMO во краток временски период (80% целосно полнење за приближно 30 минути со 50kW тип).

    Предупредување:

    Брзиот полнач не е инсталиран во возилото. Не користите брзи полначи кои не се сертифицирани од CHAdeMO асоцијацијата*.*CHAdeMO асоцијацијата е основана во Март 2010 со цел стандардизирање на CHAdeMO DC интернационални протоколи за полнење и промовира инсталација за брзи полначи за електрични возила. Членови на оваа асоцијација се и авто производителите вклучувајќи ги и Mitsubishi Motors, производители на брзи полначи и компании за производство на електрична енергија.


  • redefinedbeauty_01.gif
     
    redefinedbeauty_02.jpg  redefinedbeauty_03.jpg 

    ЈАСНА СТИЛИЗИРАНОСТ 

    АЕРОДИНАМИЧЕН ДИЗАЈН 

    ТРКАЛА 

    Ексклузивен дизајн на светлата, дизајн на маската и избор на бои кои OUTLANDER PHEV го одделува од другите. Развиен е јасен „металик“ изглед за да ја истакне напредната технолошка природа на возилото. Комбинацијата на задни LED со акрилно светло го истакнува елегантниот дизајн

    Поседува аеродинамичен дизајн, развиен според исклучително високите стандарди за SUV. Со компјутерска флуидна анализа и извршени бројни експерименти во воздушен тунел, OUTLANDER PHEV успешно ја комбинира супериорната динамика и привлечниот надворешен дизајн. Овој аеродинамичен дизајн придонесува за подобрување на економичноста во потрошувачка на гориво, намалување на CO2 емисијата, како и обезбедување стабилност при возење со поголеми брзини. 

    18-инчните алуминиумски тркала се со заоблен дизајн,со спици со остри рабови и облога подобрувајќи го надворешниот стил. Задните калници го истакнуваат во изгледот на SUV возило.

    redefinedbeauty_04.jpg
     
    redefinedbeauty_05.jpg  redefinedbeauty_06.jpg 

    ЕЛЕКТРИЧНА ПЕТТА ВРАТА 

    ЕЛЕКТРИЧЕН СОНЧЕВ ПОКРИВ

    ЗАДНИ LED КОМБИНИРАНИ СВЕТЛА

    Петтата врата може да се отвори и затвори автоматски од прекинувачот близу возачкото седиште.

    Уживајте во сонцето и ветерот со подвижниот покрив што воедно поседува и сигурносен сензор за заштита од евентуално зафаќање при движење на покривот.

    Овие светла се направени, пред сè, за да ја зголемат безбедноста, но и за подобар изглед на возилото.

    redefinedbeauty_07.jpg
     
    redefinedbeauty_08.jpg  redefinedbeauty_09.gif 

    ПРЕДНИ СВЕТЛА ЗА МАГЛА СО СРЕБРЕНИ РАМКИ

    ИНСТРУМЕНТ-ТАБЛА

    СЕДИШТА

    Предните светла за магла на OUTLANDER PHEV со сребрени рамки се внимателно интегрирани во долениот дел на предниот браник со што се истакнува изгледот на SUV возило.

    Започнете го Вашето долго возење во премиум кабина. На инструмент-таблата е вграден кристал-фибер материјал, а со особено внимание се изработени и облогите на вратите, двојните мерни инструменти, рачката од менувачот, тип џојстик, како и 7-инчен WVGA екран со висока резолуција за навигација и HDD. Инструменталната табла со своите меки површини и облик го опкружува возачот со што се добива ергономско како и чуство на удобност.

    Седишта со вистинска кожа и сребрено порабување е достапно на Ваше барање, а на располагање се црна или крем-бела боја за спортски и свеж изглед. Возачкото седиште нуди електрично приспособување,а двете предни седишта се опремени со грејачи и џеб од задната страна за подобрена практичност. 

    redefinedbeauty_10_crystal.jpg
    redefinedbeauty_11.jpg

    redefinedbeauty_12.jpg 

    ДЕКОРАТИВЕН ПАНЕЛ 

    ПРОСТОРНА УДОБНОСТ И РАФИНИРАНОСТ

    ЕЛЕКТРИЧНО ГРЕЕЊЕ 

    Кристал-фибер материјалот вграден на декоративниот панел на предните врати и совозачката фиока оддава чувство за премиум квалитет на внатрешноста.  

    OUTLANDER PHEV нуди внатрешна удобност и просторен багажен простор при сместување на пет патници. Задната клупа е деллива во сооднос 60/40 и со едноставно ракување мошне брзо се преклопуваат, со што се овозможува прилагодување на просторот за седење. 

    Електричното греење користи електрична водна пумпа за да спроведува врела вода и да ја стопли кабината кога моторот не работи, односно при електричен режим на работа. Тајмерот Ви овозможува да го вклучите и регулирате греењето во кабината пред да почнете со возење.

    redefined-beaty-1

    redefined-beaty-2  redefined-beauty-3 

    ГРЕЈАЧИ НА ВОЗАЧКО И СОВОЗАЧКО СЕДИШТЕ 

    ИНДИКАТОР ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈА

    КОПЧЕ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ 

    Грејачите на седиштата се со две нивоа на греење (HI/LO). Доколку го намалите користењето на грејачите ќе придонесете за поефикасно EV електрично возење, како и за пониска потрошувачка на горивото. 

    Колку ефикасно возите? Индикаторот за користење на енергија Ве информира со посочување на стрелката кон Power, Eco или Charge полето, за да ги дознаете Вашите услови на возење.

    За да се обезбеди чуството дека ова е електрично возило, вградено е копче за вклучување. Со притискање на педалата за сопирање и притискајќи го копчето за вклучување, се стартува PHEV системот. При возење, безбедносната функција спречува исклучување на погонот ан возилото,дури и кога копчето за вклучување се притисне ненадејно. 

    redefined-beauty-4
     
    redefined-beauty-5   

    S-AWC (СУПЕР КОНТРОЛА НАД СИТЕ ТРКАЛА 

    РАЧКА ЗА РЕГУЛАЦИЈА НА ПОГОН

     

    Овој интегриран контролен систем овозможува одлично „прилепување“ на пневматикот кон патот, врвна стабилност и интуитивно и линеарно управување дури и кај терени со лоши услови за возење, преку оптимално комбинирање на системите за активна стабилност и контрола на пролизгување на погонските тркала (ASC) со електронско контролирани двојни 4WD мотори и AYC контрола на стабилност околу вертикална оска.

     


      

     
  • changingthegame_01.jpg

    furturesuv_02.jpg furturesuv_03.jpg

    PLUG-IN HYBRID EV СИСТЕМ

    Plug-in Хибрид EV системот е развиен на основа на EV технологиите, користени кај i-MiEV возилото. Клучните компоненти како батеријата и моторите константно се набљудуваат и притоа се одржува интегрирана контрола на моторот, потоа на двојните 4WD мотори, регенеративното сопирање, клима уредот и друго, за да се обезбеди безбедно, удобно и возење со ефикасна потрошувачка на гориво.

    СИСТЕМ ЗА ПОДДРШКА НА ECO ВОЗЕЊЕ

    Притиснете го прекинувачот “ECO mode” за поефикасно користење на енергијата од моторите, моторот, климатизерот и 4WD системот. Ефикасноста на вашето еко возење може да се надгледува на “ECO score”.

    ECO ПЕРФОРМАНСИ

    Имајте забава со преформансите кои обезбедуваат висока ефикасност на горивото, но и заштита на животната средина, карактеристики што може да го понуди само plug-in хибрид технологијата. 52км опсег постигнат со чиста енергија од батериите има нула CO2 емисија и можат да се справат со потребите за движење во текот на целиот ден. 

    furturesuv_05.gif

    furturesuv_06.gif furturesuv_07.gif

    СЦЕНАРИО ЗА ВОЗЕЊЕ 1: ЦЕЛОСНО КОРИСТЕЊЕ ДОДЕКА СТЕ ДОМА (РАБОТНИ ДЕНОВИ)

    Ова е сценарио за користење на возилото додека сте дома. Главното користење ќе биде купување или превоз на децата наоколу. Вакви кратки релации можат да бидат направени во електричниот EV режим.

    Статистика:

    Растојание: До 30 км/дневно (1,000 км/месечно)

    Plug-in полнење: Еднаш, секој втор ден (преку ноќ).

    Економичноста на EV користи минимална употреба на гориво.

    Во овој случај, потрошувачка на гориво ќе биде 0, без трошок. Останува само  трошокот за електрична енергија, износ што зависи зависи од цената на електрична енергија на компанијата.


    СЦЕНАРИО ЗА ВОЗЕЊЕ 2: ВРАБОТЕН ВО КОМПАНИЈА (РАБОТНИ ДЕНОВИ)

    Ова е сценарио за вработен во компанија кој главно возилото го користи за движење до работа во близок град во работни денови, главно во електричен EV режим.

    Статистика:

    Растојание: Околу 50 км/дневно (1,000 км/месечно)

    Plug-in полнење: Дома, неколку пати неделно (преку ноќ).

    Почестото полнење ќе го зголеми EV возењето и ќе ја намали потребата од користење на гориво.

    Во овој случај, можете да намалите до 70% од трошокот за гориво.

    СЦЕНАРИО ЗА ВОЗЕЊЕ 3: ВРАБОТЕН ВО КОМПАНИЈА (ВИКЕНДИ)

    Следи сценарио за вработен во компанија кој главно возилото го користи за викенди со семејството и повремено движење од предградие до работно место во град.

    Статистика:

    Растојание: Околу 80км/ден (2,000 км/месечно).

    Plug-in полнење: Не

    EV режим и режим сочувување на нивото на батеријата се користи за да се овозможи тивко возење низ населениот дел од соседството.

    Во овој случај, вкупниот трошоко можете да го намалите 30%.Бидејќи нема да има plug-in полнења, трошокот за електрична енергија ќе биде 0.


    futuresuv_08

    futuresuv_09  futuresuv_10

    ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗЕЊЕ - EV РЕЖИМ НА ВОЗЕЊЕ

    Силината на моторите од возилото користи електрична енергија од батериите, што резултира со нула потрошувачка на гориво и CO2 емисија. Овој режим на возење е тивок, чист и моќен. Максималната брзина е 120 км/ч

     

    ХИБРИДНО ВОЗЕЊЕ - СЕРИСКИ ХИБРИДЕН РЕЖИМ 

    Двата електромотори го задвижуваат возилото користејќи ја електричната енергија генерирана од моторотсо внатрешно согорување. Моторот генерира електрична енергија кога нивото на батеријата е ниско и кога е потребно зголемена силина, при забрзувате или движење на нагорнини.

    ХИБРИДНО ВОЗЕЊЕ - ПАРАЛЕЛЕН ХИБРИДЕН РЕЖИМ

    Моторот со внатрешно согорување го задвижува возилото при високи брзини, а кога е потребно повеќе енергија, се добива дополнителна помош од електро-моторите.                        

    furturesuv_04.jpg

    furturesuv_11.jpg   PHEV-3d-map-view.jpg

    ПОВЕЌЕ НАЧИНИ НА ПОЛНЕЊЕ

    Посакувате долг опсег на возење при електричен режим на возење? OUTLANDER PHEV не е обично електрично возило, бидејќи нуди многу начини да ги наполните батериите во различни ситуации, а со цел да бидете сигурни во продолжување на патувањето до пнатамошната дестинација.

    Доколку возилото го користите во текот на денот, се што треба да направите е батериите, во текот на ноќта да ги наполните со вградениот полнач во рок од за 5 часа. Со опсег од 52км, најголемиот дел од возењето во тек на денот ќе биде направено.

    Постојат три режими на возење, со кои се овозможува заштеда на електрична енергија, во зависност од условите на возење. Додека управувате во град, возилото се движи 100% на електричен погон, а се префрлува во сериски хибриден режим, штом Ви затреба повеќе моќност при возење на нагорнина или при нагло забрзување. Во тој случај моторот генерира електрична енергија за да ги задвижи електромоторите. Кога возилото се движи на автопат, се префрлува во паралелен хибриден режим на работа. Во овој начин на возење моторот со внатрешно согорување го задвижува возилото, а кога е потребна дополнителен моќност, истата се добива и од електромоторите.

    Како дополнување на овие три начини на возење, батеријата истотака можете да ја надополните со регенеративно сопирање. Ова можете едноставно да го контролирате преку рачката од менувачот и селекторот на управувачот или со одбирање на режимот на чување на батериите. Исто така, можете да го користите и брзиот полнач, кој овозможува полнење за 30 минути (до 80% капацитет) на комерцијалните места за полнење.


    MMCS (MITSUBISHI МУЛТИ КОМУНИКАЦИСКИ СИСТЕМ)

    Овој централен HD навигациски екран со едноставно функционирање на допир, бргу Ве информира за ЕКО информацијата, како што е потрошувачката на енергија и опсегот на движење. Исто така, уредот ја прикажува и сликата од задната камера секогаш кога се враќате наназад, со што значително Ви го олеснува движењето.

     

    НАВИГАЦИСКИ СИСТЕМ

    7-инчниот WVGA екран со висока резолуција е едноставен за читање на MMCS слики. Корисникот може да избере меѓу HDD или SD навигациска меморија. Дополнително, PHEV прикажува дури и повеќе информации за патувањето.

     

      PHEV_radio.jpg

    furturesuv_14.jpg furturesuv_15.jpg

    АУДИО ЕКРАН

    Ракување со аудио системот е едноставно, со 6.1-инчниот QVGA екран, кој може да се ракува на допир. Истотака може да ја прикаже сликата од задната камера.


    ROCKFORD FOSGATE ® PREMIUM АУДИО СИСТЕМ

    Исклучителен квалитет на звукот од новиот аудио систем, развиен заедно со Rockford корпорацијата. Девет звучници Ве опкружуваат со спектакуларен DTS Neural Surround™ звук. 

    USB ПРИКЛУЧОК И 12V ЕЛЕКТРИЧЕН ИЗЛЕЗ 

    Овие додатоци се погодно поставени во централната подна конзола, овозможувајќи Ви пристап со отворање на нејзиниот капак.

     

    furturesuv_16.jpg

    furturesuv_17.jpg furturesuv_18.jpg

    КОНТРОЛИ ПОСТАВЕНИ НА УПРАВУВАЧОТ

    Практични контроли за аудио системот и Bluetooth® hands-free за мобилен телефон се поставени на управувачот за лесно пристапување.


    SUV ДОДАТОЦИ 

    За разлика од конвенционалните електрични EV или хибридни возила, OUTLANDER PHEV ги има сите SUV додатоци за екстра забава, вклучувајќи просторна кабина и товарен простор, варијабилна распределба на седење и практични кабли за полнење под подот во багажниот простор. Сега ги имате сите можности за нова дестинација.  

    БАГАЖЕН ПРОСТОР

    Должината на багажниот простор може да се зголеми со преклопување нанапред на делот за седење и делот за потпирање на грбот од вториот ред седишта, со цел да се создаде рамен и длабок товарен простор и да уживате во 463 литарскиот багажник.

    .

    furturesuv_19.jpg

    furturesuv_20.gif  

    ПРАКТИЧЕН ПРОСТОР ЗА СМЕСТУВАЊЕ НА ПОЛНАЧОТ

    Просторот под товарниот дел е идеален за практично складирање на каблите за полнење.


    РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ

     

    Задната клупа е деллива во сооднос 60/40 и со само два зафати на преклопувачкиот механизам се овозможува прилагодување на просторот за седење со поголема флексибилност во однос на потребите за патници и багаж. Со преклопување на вториот ред седишта, се постигнува доволно товарен простор, во кој буквално на подот може да легне возрасен човек.

     
  • changingthegame_01.jpg

    changingthegame_43  ultimate-2 

    ДВОЈНИ 4WD МОТОРИ СО АСИСТЕНЦИЈА ОД 2.0-ЛИТАРСКИ МОТОР

    2.0-литарскиот линиски MIVEC мотор, со 4 цилиндри има 89kW моќност, што овозможува одржување на моторот во граници на ефикасност со континуирано варирање на времето на отворање на всисните вентили во согласност со вртежите на моторот. За разлика од типичните бензински мотори, главна функција на овој агрегат е да создава електрична енергија во сериски хибриден режим на работа и да обезбеди сила за задвижување во паралелен хибриден режим. Изолацијата е зголемена со цел возилото да остане тивко во EV електричниот режим и кога се користи моторот со внатрешно согорување.

    ПОЛНЕЊЕ И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА

    Постојат многу начини за зачувување на енергијата. Секако, OUTLANDER PHEV тоа го прави сам без Ваша помош, но исто така и Вие имате контрола. Можете да го користите режимот на полнење на батериите за да ги наполните батериите или да ја задржите енергијата во батериите за да го намалите нивното користење.

     

    ПРЕДЕН PDU & ЗАДЕН MCU

    Овие интелигентни контролни единици придонесуваат за зголемување на енергетската ефикасност и оптималната контрола на моторот со брзо зголемување на вртежниот момент кој го продуцира 2.0-литарскиот бензински мотор.



    drive-battery1

    changingthegame_46 changingthegame_45

    БАТЕРИЈА ЗА ПОГОН

    Батеријата е поставена под подот за максимално зголемување на внатрешниот простор и воедно спуштање на центарот на гравитација, со што се подобрува безбедноста и управливоста.

    РЕГЕНРАТИВНО СОПИРАЊЕ

    Кога возилото ја намалува брзината, електро моторите функционираат како генератори, со што се овозможува генерирање на електричната и полнење на погонските батерии. Со користење на бирачот, силината на регенеративно сопирање може да се прилагоди на три интензитети и со рачките за бирање на управувачот, се нудат шест интензитети.                      

    S-AWC (СУПЕР КОНТРОЛА НАД СИТЕ ТРКАЛА)

    Овој интегриран систем за контрола обезбедува одлична тракција, стабилност и управливост дури и при тешки услови на возење со оптимизирано комбинирање на системот ASC
    – Активна стабилност и Контрола на тракцијата со помош на електронска контрола на Twin Motor 4WD и AYC 

    – активна контрола на стабилноста во однос на вертикалната оска на возилото.


    ultimate-4
     

     

     

    ЕЛЕКТРИЧЕН 4WD

    Mitsubishi Motors има историја со 4WD технологии уште од првиот модел на појавување во далечната 1937 година и продолжува да доминира на патиштата преку развој на најсовремена технологија како што е напредниот систем, Super Select 4WD достапен во Pajero. Сега оваа 4WD технологија ја поместуваме уште еден чекор нанапред, со електричниот 4WD. Во овој систем, новиот двоен 4WD електромотор испорачува силина независно како на предните, така и на задните тркала. Користењето на електромотори и отсуство на механички поврзувања како преносник, карданско вратило, двојните 4WD мотори ја редуцираат загубата од триење. Двојните 4WD мотори се споени со S-AWC на MMC со интегриран систем за динамика на возилото, кој ги комбинира контролата на предниот и задниот погонски мост и контрола на сопирање на левото и десното тркало за да обезбеди постојана управливост и ненадмината стабилност на патот. Два режима на работа и Lock за подобрени перформанси на сите терени. 

    lowered-centre-of-gravity.jpg

    changingthegame_47

     

    СПУШТЕН ЦЕНТАР НА ГРАВИТАЦИЈА

    OUTLANDER PHEV има спуштен центар на гравитација, што значи подобрена стабилност во различни услови.


    БРЗО ПОСТИГНУВАЊЕ НА МАКС.ВРТЕЖЕН МОМЕНТ

    Како карактеристика својствена на електромоторите е генерирање за мошне кусо време, висок вртежен момент, обезбедувајќи забрзување кое може да се споредува со возило опремено со мотор со голема моќност. На овој начин OUTLANDER PHEV може да испорача супериорно ниво на еколошки и перформанси на возење.



     
    changingthegame_48

    changingthegame_49

    changingthegame_50

    СИСТЕМ ЗА ПОТПИРАЊЕ

    Додавањето на спирали и други специјални уреди за регулирање, придонесуваат за дополнително ниво на квалитет на удобноста и стабилност при возење на OUTLANDER PHEV. Задниот систем за потпирање истотака поседува дополнителни уреди за придушување на вибрациите и специјално конструирани елементи за впивање на механичките и звуците од патот.

    РАДАРСКИ СИСТЕМ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА БРЗИНАТА (ACC)

    Кога нема возило напред Вашата избрана
    брзина на движење можете да ја одржувате дури и кога ќе го тргнете стапалото од педалот за гас.
    Кога има возило напред Вашето избран растојание меѓу возилата се одржува.
     

    РАДАРСКИ СИСТЕМ ЗА АКТИВНО СОПИРАЊЕ (FCM)

    Овој систем помага за спречување фронтален судир или за намалување на штетата доколку евентуалниот судир е неизбежен.


    changingthegame_51

    changingthegame_52    backcamera.jpg 

    ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ НАПУШТАЊЕ КОЛОВОЗНА ЛЕНТА (LDW) 

    Доколку Вашето возило почне да ја напушта коловозната лента, овој систем Ве предупредува со помош на аудиоаларм и предупредувачко светло.

    ПРИЛАГОДЛИВ ОГРАНИЧУВАЧ НА БРЗИНА (ASLF)

    Спречува возилото да ја надмине ограничената брзина. 

    СИСТЕМ НА СЕНЗОРИ ЗА ВРАЌАЊЕ НАНАЗАД (RSS)

    Го предупредува возачот за евентуални пречки, кога со воизлото се движите наназад.



        changingthegame_53

    changingthegame_54

    changingthegame_55

    СИСТЕМ ЗА СТАРТУВАЊЕ НА НАГОРНИНИ (HSA)

    Кога тргнувате со возилото на стрмни падини, овој систем помага во спречување на враќање на возилото наназад додека ја тргате ногата од сопирачката, при што силата од ножната сопирачк останува активна уште 2 секунди до задвижување со помош на педалот за гас.

    СУПЕР ШИРОКОАГОЛНИ HID ПРЕДНИ СВЕТЛА 

    Подобро осветлување на патот со помо на овие светла, кои емитираат поширо сноп светло и автоматски се насочуваат на потребната насока.

    СИСТЕМ ЗА АКУСТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ (AVAS)

    Аларм функција која ги предупредува пешаците близу до возилото при возење со исклучен мотор. Алармот има различни тонови зависно од брзината на возилото (алармот се активира при движење за брзини до 36км/ч и при забавување за брзини под 32км/ч).

     
    changingthegame_56 
    changingthegame_57 changingthegame_58

    БЕЗБЕДНОСТ НА ПОГОНСКИТЕ БАТЕРИИ

    Погонската батерија на OUTLANDER PHEV е заштитена од надворешни влијанија за да не се оштети во која била ситуација на возење.

    ЦВРСТА КАРОСЕРИЈА

    Засилената конструкција која е поврзана со батериската рамка е директно поврзана со каросеријата, со што се зголемува нејзината цврстина и воедно ја подобрува заштитата при судар. 

    7 ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА

    Предни воздушни перничиња, странични,
    воздушни перничиња-завеси, како и воздушно
    перниче за заштита на колената на возачот. 


    changingthegame_59

    PHEV_ESS.jpg   
    abs-ebd.gif

    RISE (REINFORCED IMPACT SAFETY EVOLUTION) КАРОСЕРИЈА

    RISE e уникатна шасија на Mitsubishi Motors која нуди зголемена безбедност при судар. RISE е предна каросерија со кабина со структура со висока цврстина која може да апсорбира удар. Како дополнување, за да се зголеми количината на енергија која може да се апсорбира од просторот каде е сместен моторот при евентуален преден судар, додаден е структурен дел во предниот дел на подот со цел да се спречи промена на обликот на кабината при судар.



    ESS СИСТЕМ ЗА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРИ ИТНО СОПИРАЊЕ

    ESS помага во намалување на можноста од судар во задниот дел од возилото. Кога се нанесува максимален притисок на сопирачката, предупредувачките светла автоматски се активираат на 3.5Hz.

    ABS СО EBD

    ABS системот на OUTLANDER PHEV го скратува растојанието на сопирање. Електронската дистрибуција на силата за сопирање обезбедува рамномерна и ефикасна дистрибуција на силата на сопирање кон секое тркало без разлика на тоа колку луѓе патуваат внатре, багажот и патната подлога. Ова обезбедува максимална сила за сопирање и стабилност при возење.

      changingthegame_62

    changingthegame_63 changingthegame_64

    СИСТЕМ ЗА ДЕАКТИВИРАЊЕ НА СОПИРАЧКАТА

    Овој систем овозможува да се даде приоритет на сопирачката над забрзувањето, во случај кога возачот го сопира возилото со ножната сопирачка, дури и ако педалата за забрзување е притисната и возилото се движи при полна брзина.

    МУЛТИ-ИНФОРМАЦИСКИ ЕКРАН 

    4,2“LCD колор екран, со висок дефиниција, Ве информира за нивот на струја во батеријата, режимот на работа, систем PHEV за текот н енергијата и др. Прекинувачот овозможува менување на различните функции.

    КАМЕРА / ЕКРАН ЗА ПОГЛЕД НАЗАД

    Екранот прикажува линии со кои се означува приближниот курс на движење на возилото, како и поглед на просторот зад него.

    changingthegame_68

    changingthegame_66 changingthegame_67

    ИМОБИЛИЗАТОР

    Клучот пренесува единствен код, кој мора да се совпаѓа со кодот програмиран за стартување на моторот. Моторот не стартува без уникатниот авторизиран клуч со тоа што ефективно се спречува кражба. 

    KOS (БЕЗКЛУЧЕН СИСТЕМ ЗА РАБОТА) СО СТАРТ/СТОП КОНТРОЛА НА МОТОР

    Додека го носите клучот, можете да го притиснете копчето од надворешната страна на вратата или на задната врата за да ги отклучите/заклучите сите врати или притиснете го копчето за моторот во внатрешноста на кабината за да го стартувате моторот. 

    ТЕМПОМАТ КОНТРОЛА

    Темпомат контролата му овозможува на возачот да избере одредена брзина на движење, како и одржување на истата, без константно притискање на педалата за забрзување. Одлична функција за долги патувања и подобрување на економичноста на потрошувачката со гориво.


    changingthegame_65

       

    ETACS

    ETACS или Електронско време и алармен контролен систем овозможуваат персонализирање на операции од голем опсег на функции. Изборот може да се направи преку екранот од Mitsubishi Мулти-комуникацискиот систем или преку блискиот застапник за Mitsubishi.

    Сензори за автоматски светла и бришачи

    Сензорот за дожд автоматски ги активира бришачите на ветробранот кога се детектира влага на стаклото. Сензорот истотака ја мери и достапната светлина и ги вклучува светлата кога тоа е неопходно. Така на пример: светлата реагираат и при преминување во тунел, или кога дневното светло се намали поради невреме. Овие функции прават возењето да е лесно и безбедно во сите услови.

    Аларм за отворена врата

    Доколку која било врата се отвори кога возилото е во движење, Ве предупредува звучен сигнал.

    Функција за исклучување на главните светла

    Откако ќе го исклучите моторот и ќе излезете од возилото, главните светла автоматски се исклучуваат спречувајќи на тој начин трошење на батеријата.

    Продолжено време за затворање на прозорците

    По вадење на клучот од бравата за стартување, електрично задвижуваните прозорци се уште можат да се затворат со контролите во возилото до 30 секунди додека предните врати се затворени.

    Регулација на брзината на бришачите согласно брзината

    Кога предните бришачи се поставени на функција “повремено”, сензорот го менува интервалот на бришење за да се прилагоди на брзината на возилото и постигнување подобра видливост.