• 3 добри причини
    1. Лидер во економичност & ниска емисија CO2
    2. Премиум квалитет & Просторност
    3. Напредна безбедност & доверливост
  • 0 PRODUCTS IN COMPARISON

    Close

    You Cannot Select More Than 5 Cars

Дознајте повеќе
  • Симнете документ

  • Find a dealer promotional block

    пронајдете дилер

    Пронајдете го најблискиот дилер на Mitsubishi Motors!

Discover more
  • НОВ ДИЗАЈН КОНЦЕПТ 

     
    The Outlander's Embodiment of Dynamic Shield Rear Design

    „DYNAMIC SHIELD“ - ДИНАМИЧЕН ШТИТ

    Новиот дизајн концепт на Mitsubishi Motors на предниот дел на возилото т.н."Dynamic Shield" ја наследува функционалноста на успешните генерации на Pajero и Lancer Evolution. Централниот дел во црна боја ја изразува моќноста и перформансите, а странично, како и на подлогата напред и назад се вклучени додатоци за заштита.

    Дизајнот не претставува само форма, туку е основа за изгледот на идните модели на Mitsubishi. 

    „DYNAMIC SHIELD“ кај OUTLANDER

    Големата предна маска во црна боја која дава спортско чувство, е поставена од лево и десно, како и од долниот дел на браникот, со цел да се добие т.н.„заштитен штит“.

    Спротивно на минатиот дизајн, кој повеќе беше фокусиран кон „животната околина“ и „ефикасна технологија“, размислувањето зад овие промени е динамичното толкување кое го става Mitsubishi во преден план..

    ДИЗАЈН НА ЗАДНИОТ ДЕЛ

    На предниот дел на возилото, светлата и решетката го истакнуваат чувството за пространост. Оваа идеја идентично е пренесена и за задниот дел од возилото, каде дополнително е поттикнато и чувството за стабилност.                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                

    OUTLANDER ДИЗАЈН ЗА РАЗЛИЧНИ СЦЕНИ 

    A Design that Only Outlander Can Pull Off

    ДИЗАЈН КОЈ Е ЕДИНСТВЕНО ПРЕПОЗНАТЛИВ КАЈ OUTLANDER 

    Концептот на OUTLANDER има вистински лик на SUV-возило, поради што се вклучени различни елементи во дизајнот, како што се заштитата на предната подлога, која е во сребрена боја и е во комбинација со црна боја со останатиот дел на долниот дел од подлогата, како и страничните додатоци на возилото.

    ДИЗАЈН ПРИЛАГОДЕН ЗА ГРАДСКО ВОЗЕЊЕ  

    Како што е моќниот изглед на предната маска, така предните, како и светлата за паркирање  со LED технологија, придонесуваат за добивање поголема софиситицарност кон урбаното возење.

    ДИЗАЈН КОЈ ПРИВЛЕКУВА И ПРИ OFF ROAD ВОЗЕЊЕ

    Дизајнот чиј главен акцент е ставен на предниот дел на возилото, претставува продолжување на успешната приказна на Pajero, како и на  Lancer Evolution изгледа впечатливо додека возите off-road или надвор од град.

  • НОВИ РАЗВИЕНИ МОТОРИ

     


    Newly developed engines




    2.2 DI-D МОТОР

    Дизелскиот мотор со зафатнина од 2.2-l нуди одлични перорманси, како и економичност во потрошувачката на гориво.Развива моќност од 150KS при 3500vrm и вртежен момент од 380Nm при 2500vrm кај модели со 6-степен мануелен менувач, или 150KS при 3500vrm и 360Nm при 2750vrm за модели со 6-степен автоматски менувач.  

    2.0 MIVEC МОТОР

    Новиот мотор со зафатнина од 2.0-l овозможува тивка работа, со поголема ефикасност и постигнување максимална моќност од 150KS при 6000vrm и вртежен момент од 195Nm при 4200vrm.  Со новата MIVEC технологија е намалена тежината на моторот,  но подобрени се перформансите во однос на ефикасноста.

     

    АЕРОДИНАМИЧЕН ДИЗАЈН

    AUTO STOP & GO (AS&G)

    ЛЕСНА КОНСТРУКЦИЈА

    Aerodynamic design

    Auto stop & go  Lightweight body 

    Поседува аеродинамичен дизајн, развиен според високи стандарди за SUV возило. Со примена на бројни компјутерски анализи, како и изведените експерименти во воздушен тунел, новиот OUTLANDER успешно постигна супериорна аеродинамичност и привлечен надворешен дизајн.

    Auto Stop & Go (AS&G) ја намалува потрошувачката на гориво и нивото на емисија на CO2.Системот автоматски го исклучува моторот кога возилото не е во движење. Моторот веднаш почнува со работа штом го тргнете стапалото од педалот за сопирање (кај модели со автоматски менувач) или при тргање на стапалото од куплунг (кај модели со мануелен менувач). 

    Конструкцијата на возилото е со исклучителна цврстина, но во исто време има полесна тежина, благодарение на користењето на високо-квалитетен челик.

    ECO СИСТЕМ ЗА ПОДДРШКА ПРИ ВОЗЕЊЕ 

     


    ECO mode control

    ECO drive assist ECO score 

    ECO КОНТРОЛА

    Притиснете на ECO копчето за да се вклучи системот за заштеда на енергијата на моторот, клима-уредот и погонот на четири тркала.

    .

    ECO ИНДИКАТОР

    Покажува ниво на еколошко возење.

    .

    ECO МЕРАЧ

    Покажува резултат од еколошко возење за дадено време и помага во подобрување на еколошкиот начин на возење. 

    ПРЕГЛЕД ECO ВОЗЕЊЕ 

       
    ECO drive overview

       

    Еколошко пријателски перформанси се суштествени за возачите денес, и новиот Outlander е направен да ги надмине тие очекувања. Новиот MIVEC мотор и DI-D мотор постигнуваат досега невидени параметри во однос на економичноста на гориво, како и намалување на емисија на штетни материи,притоа обезбедувајќи фантастични перформанси. Како поддршка на економичноста, новиот OUTLANDER е опремен со AS&G и контролата за ЕКО РЕЖИМ, лесна каросерија со високо рафиниран аеродинамичен дизајн, што сето тоа значи дополнително намалување на загубите. Дури и со ова високо ниво на еколошки параметри, новиот Outlander сеуште го нуди целото задоволство и возбудливи перформанси, кои возачите ги очекуваат.


  • ПРЕГЛЕД НА БЕЗБЕДНОСТА 

    НАПРЕДНА БЕЗБЕДНОСТ 

     
    Safety overview

    Adaptive cruise control (ACC)
    Forward collision mitigation (FCM) 

    За вистински да уживате во исклучителните возни перформанси, безбедноста и самодовербата се приоритет. За да се овозможи супериорна заштита и сигурност, новиот OUTLANDER е опремен со повеќе безбедносни елементи, со помош на кои постојано се одржува безбедноста и контролата. Новите системи за избегнување на судар, му овозможуваат на OUTLANDER да детектира потенцијална опасност и да превземе превентивни мерки. Системот од седум SRS воздушни перничиња, вклучувајќи ги и тоа за колената на возачот се дел од стандардната опрема                      

    АДАПТИВЕН ТЕМПОМАТ (ACC) 

    ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ПРЕДЕН СУДАР (FCM) 

     

    АКТИВНА БЕЗБЕДНОСТ 

     
    Lane departure warning (LDW)

    Electronically controlled 4WD  LED headlamps with LED daytime running lamps 

    ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРИ НАПУШТАЊЕ КОЛОВОЗНА ЛЕНТА (LDW)

    Камерата ја набљудува позицијата на коловозната лента пред возилото. Екранот и алармот се користат за предупредување на возачот кога возилото ќе отстапи од коловозната лента. Стабилно ракување со системот се обезбедува со вградување на камерата на предното стакло, со тоа правејќи ја леќата отпорна на замаглување.                      

    ЕЛЕКТРОНСКИ КОНТРОЛИРАН 4WD

    Електронски контролираниот 4WD му овозможува на возилото исклучително добро „прилепување“ на патот, потоа стабилност дури и при лоши услови за возење. Ова се постигнува преку оптимално комбинирање на системот за активна стабилност (ASC). Бирачот за возниот режим Ви овозможува лесно одбирање на најсоодветниот возен режим: 4WD ECO режимот за максимална економичност, 4WD AUTO-за нормални возни услови или 4WD LOCK -за тежок терен.


    LED ПРЕДНИ И LED ДНЕВНИ СВЕТЛА

    LED предните светла се интегрирани заедно со LED дневните светла и заедно ја зголемуваат безбедноста при возење дење или во текот на ноќта.  

    Hill start assist (HSA) 

    Adjustable speeds limiter
    Reformed shape for the front pillar 

    ПОМОШ ПРИ ТРГНУВАЊЕ НА НАГОРНИНИ (HSA)

    Кога стартувате на остра нагорнина, HSА Ви помага да спречите враќање на возилото наназад, при отпуштање на сопирачката. На тој начин се одржува силата на сопирање до две секунди додека педалата за забрзување се притисне.                       

    АДАПТИВЕН ОГРАНИЧУВАЧ НА БРЗИНА

    Овој уред ја ограничува брзината на возилото и на тој начин се оневозможува надминување на слободно бираната брзина (минимално поставена брзина). Истотака ја одржува брзината на безбедно ниво дури и при мали надолни патишта и останати ситуации во кои брзината на возилото постепено се зголемува без намера на возачот. Звучниот аларм најавува внимателност кога безбедната брзина не може да се одржи.                                           

    РЕДИЗАЈНИРАН ОБЛИК НА ПРЕДНИОТ СТОЛБ

    Со цел да се обезбеди широко и чисто видно поле, формата на предниот столб е редизајниран. Оваа промена придонесува за поголема фронтална видливост.

    Active stability control (ASC)

    ABS with EBD
    Elevated seats 

    КОНТРОЛА ЗА АКТИВНА СТАБИЛНОСТ (ASC)

    Активната контрола на стабилноста на Mitsubishi е дизајнирана да го подобри управувањето со OUTLANDER на лизгави патишта. Со обезбедување на стабилност, вградените сензори моментно детектираат и корегираат евентуално надуправливост (која, во одредени ситуации може да предизвика свртување) или недоволна управливост (која го турка возилото до работ на патот при тесни свртувања). Доколку системот детектира странично пролизгување на задното тркало, доаѓа до сопирање на надворешното предно тркало, со цел генерирање сила која ќе помогне во враќањето на возилото на почетната лента. Доколку страничното лизгање на возилото се препознае, системот го сопира внатрешното задно тркало за помогне во враќањето на возилото на коловозната лента.                      

    ABS СО EBD

    Новиот OUTLANDER е опремен со големи диск сопирачки на предните и задните тркала, кои обезбедуваат супериорни перформанси при сопирање. За да се подобри безбедноста понатаму, стандардната опрема вклучува систем за скратување на патот на сопирање (ABS), електронска распределба на силите за сопирање (EBD) и помош при сопирање (BA). ABS Ви овозможува да управувате со возилото додека сопирате, додека EBD системот може да ја менува силата на притисокот кон секое тркало, за да ја максимизира силината при сопирање со одржување на контрола. Доколку се детектира панично сопирање , што укажува на евентуален судар, системот за помош при сопирање автоматски развива максимална сила на сопирање.                      

    ПОДИГНАТА ПОЗИЦИЈА НА СЕДЕЊЕ

    Подигнатата позиција на седење кај новиот OUTLANDER овозможува дополнителен степен на видливост околу возачот и негова безбедност.

     

    ПАСИВНА БЕЗБЕДНОСТ 

     
    Immobiliser
     
    Brake override system  RISE (Reinforced impact safety evolution) body 

    ИМОБИЛИЗАТОР

    Клучот пренесува единствен код, кој мора да се совпаѓа со кодот програмиран за стартување на моторот. Моторот не стартува без уникатниот авторизиран клуч со тоа што ефективно се спречува кражба.                      

    СИСТЕМ ЗА ДЕАКТИВИРАЊЕ НА СОПИРАЧКА

    Новиот систем за замена на сопирачката дава приоритет на сопирачКата над забрзувањето, овозможувајќи возачот да го сопре возилото со ножната сопирачка дури и ако педалата за забрзување е притисната и возилото се движи при полна брзина.

    *Приказ на предходниот модел

                         

    RISE КАРОСЕРИЈА (REINFORCED IMPACT SAFETY EVOLUTION) BODY

    RISE e единствена шасија на Mitsubishi Motors која нуди зголемена безбедност при судар. Тоа е предна каросерија со кабина, со структура која има висока цврстина и може да апсорбира удар. Како дополнување, за да се зголеми количината на енергија апсорбирана од простор каде е сместен моторот при евентуален преден судар, направено е засилување на предниот дел на подот, со цел да се спречи промена на обликот на кабината при судар.                      

    Seven SRS airbags


     

    7 ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА 

    Во случај на судар, седум SRS воздушни перничиња Ви помагаат за да Ве заштитат Вас и патниците. Системот вклучува предни воздушни перничиња, странични, како и воздушни перничиња-завеси и возачко перниче за колената.                      

       


  • ПРЕМИУМ КВАЛИТЕТ 

    ПРОСТОРНА КАБИНА 

     
    Premium quality

    Electric tailgate
    Seat arrangement & third row seats 

    Влезете во новиот OUTLANDER и бидете добредојдени во просторноста. Вниманието на детали откриваат посветеност на дизајнерите на Mitsubishi во креирањето искуство на максимален луксуз за возачот и патниците. На располагање се функционални и атрактивни елементи, почнувајќи од двозонски клима уред и висинско приспособување на седиштето со што се обезбедува задоволство при возењето дури и на долги патишта. Особено корисно за возачот е електричното отворање на петтата врата и бесклучниот систем за работа со возилото. Вистинско уживање при возењето Ве очекува, влезете во новиот OUTLANDER и откријте го.                      

    ЕЛЕКТРИЧНО ОТВОРАЊЕ НА 5 ВРАТА

    Се применува електронски механизам за автоматско отворање и затворање. Операцијата може да се изведе и од возачко седиште користејќи го прекинувачот, така што петтата врата се отвора и затвора едноставно без излегување од возилото.                      

    РАСПОРЕД СЕДИШТА & 3 РЕД СЕДИШТА 

    Вториот и третиот ред седишта на новиот OUTLANDER можат флексибилно да се распоредат. Ова овозможува ефикасно користење на просторот во кабината според бројот на патници и големината на багажот. Вториот ред седишта можат едноставно да се поместат напред, со што се овозможува  едноставно влегување во третиот ред седишта.                       

       

    ВНАТРЕШЕН КВАЛИТЕТ 

    Underfloor storage

    Cargo capacity
    Premium interior texture 

    ПРОСТОР ЗА СКЛАДИРАЊЕ ПОД ПОДОТ

    За разлика од предходниот модел, третиот ред седишта не се сместуваат под подот. Ова создава простор за вградување на подна кутија за складирање, со што се зголемува капацитетот на товарење.

    КАПАЦИТЕТ НА ТОВАРЕЊЕ

    Должината на просторот за товарење може да се зголеми за 335 милиметри со преклопување нанапред на седиштата и наслонот од вториот ред седишта за да се создаде рамен и длабок простор за товарење.

    ПРЕМИУМ ВНАТРЕШНОСТ

    Новиот OUTLANDER нуди зголемена удобност. Преку лесно ракување и различни можности на распоред на седење се прилагодува внатрешноста во однос на бројот на патници и обемот на багаж.                       

    Premium seat comfort

    Advanced quitness  Dual-zone automatic air-conditioning 

    ПРЕМИУМ УДОБНОСТ ПРИ СЕДЕЊЕ 

    Страничниот дел на наслонот е зголемен со што се нуди поголема практичност. Дополнително, потпирачот за глава е зголемен за 40мм со што е зголемена заштитата од повреди на вратот кај патниците.                       

    ВРВНА ИЗОЛАЦИЈА

    Новиот OUTLANDER вистински е посветен во постигнување на тивка работа на моторот која е предизвикана од вибрации и бучавост. Новиот адаптиран систем на држач на моторот кој е со конструкција на нишало ги прифаќа осцилациите во правец напред/назад, со што значително ги намалува вибрациите и бучавоста. Поголема рафинираност е постигната кај А столбот, како и кај надворешните ретровизори и останатите компоненти кои предизвикуват бучавост од ветар. Како дополнување, инструмент таблата, тепихот на подот и тапацирот на покривот се изработени од нови материјали, со карактеристики кои ја намалуваат бучавоста. Изолацијата од звуци се подобрува и со користење на напреден систем за потпирање и соодветни пневматици.                       

    ДВОЗОНСКИ АВТОМАТСКИ КЛИМА УРЕД 

    Новиот OUTLANDER поседува автоматски клима уред кој овозможува независни температурни прилагодувања за возачкото и совозачкото седиште. Температурата во кабината може да се одржи во секое време според изборот на секое лице. 

                                                                   

    Premium and glamorous interior

    Electronically controlled sunroof
    Seat material

    ПРЕМИУМ ВНАТРЕШНОСТ

    Мека облога налик на вистинска кожа е вградена во предниот дел на инструмент таблата и облогите на вратите. Креирана од луксузни декоративни додатоци, внатрешноста е со премиум изглед, која е единствена кај новиот OUTLANDER.                       

    ЕЛЕКТРОНСКИ КОНТРОЛИРАН СОНЧЕВ ПОКРИВ

    Електронски контролираниот сончев покрив внесува свеж воздух, овозможувајќи да го почувствувате дел од пејсажот на природата низ кој минувате.e.

    МАТЕРИЈАЛИ ЗА СЕДИШТА

    Новиот OUTLANDER има седишта изработени од високо квалитетни материјали кои се дизајнирани за долг век на експлоатација, чувство на луксуз и вистинска удобност при долги патувања. При избор на атрактивните седишта обложени со кожа, се добива и електрично приспособување во 4 насоки и греење на седишта.                      

     

    НАДВОРЕШНОСТ 

     
    Tilt & telescoping steering
    Wide and stable appearance

    Alloy wheels & cover

    РЕГУЛАЦИЈА НА ВИСИНА И ДЛАБОЧИНА НА УПРАВУВАЧОТ

    Висинско и телескопско регулирање на управувачот, овозможува одбирање на соодветна позиција на возење.                      

    ШИРОК И СТАБИЛЕН ИЗГЛЕД

    Изгледот кој зрачи со стабилност и широчина се постигнува преку трапезоидна маска и графика која е преземена од предходниoт Mitsubishi SUV дизајн, додека задниот дел кој е дизајниран со високо поставена графика, создава широк изглед кој зрачи со решителност и грандиозност..

    АЛУМИНИУМСКИ ТРКАЛА И ЗАШТИТНИ КАПАЦИ

    Алуминиумските тркала се со премиум квалитет и спортски изглед, но пред се, овозможуваат рамномерно прилепување на различни видови патишта. .


  • НОВИ МОТОРИ 

     

    ЕЛЕКТРОНСКИ КОНТРОЛИРАН 4WD 

    2.2 DI-D engine 2.0 MIVEC engine
    Electronically controled 4WD 

    2.2 DI-D МОТОР

    2.2 литарскиот дизел мотор нуди фантастични перформанси и одлична економичност. Испорачува 150кс при 3500врт и 380Nm вртежен момент при 2500врт за 6МТ моделите, или 150кс при 3500врт и 360Nm при 2750врт за 6АТ моделите  

    2.0 MIVEC МОТОР

    Новиот 2.0 литарски мотор нуди тивка и поефикасна работа со максимална моќност од 150кс при 6000врт и вртежен момент од 195Nm при 4200врт. Намалената тежина постигната преку MIVEC технологијата значајно придонесува за подобрени еколошки перформанси, односно со намалување на тежината на моторот и подобрување на економичноста на потрошувачката на гориво.                                                               


    Погонот на 4 тркала-4WD, кај новиот OUTLANDER, постигнува одлично „прилепување“ на патот и сигурна управливост во сите услови на возење. Контролата поставена на подната конзола Ви овозможува брзо бирање на соодветен возен режим.                      

    КОМАНДИ ЗА БРЗИНИ НА УПРАВУВАЧОТ  

       
    Shift paddles Cruise control New CVT


    Кога новиот OUTLANDER е опремен со CVT и 6АТ менувач, поставени се команди на управувачот кои Ви овозможува да изберете соодветна брзина без да ги тргнете рацете од управувачот, со што се овозможува спортско чувство и врвна удобност додека возите.t.

    ТЕМПОМАТ

    Брзината на движење на возилото автоматски се одржува, без потреба стоапалото постојано да биде на педалот за забрзување, со што се овозможува релаксирано возење при подолги патувања. Со притискање на педалот за сопирање, системот се деактивира.

    НОВА CVT ТРАНСМИСИЈА

    Новата генерација на CVT трансмисија (Continuously Variable Transmission) нуди глатко лесно управување, но и брз одговор при кратки забрзувања. Намаленото триење, кое создава загуби кај вртежниот момент, придонесува за зголемена економичност на потрошувачката на гориво.

                          

       
    S-AWC (Super all wheel control)

    S-AWC (СУПЕР КОНТРОЛА НА ПОГОН НА 4 ТРКАЛА)

    Овој интегриран систем за контрола обезбедува висок степен на зафаќање на тркалата по подлогата, одлична стабилност и линеарна управливост дури и во предизвикувачки услови, со оптимално комбинирање на системот за активна стабилност - Active Stability Control (ASC), погонот на четири тркала 4WD и системот за контрола на дистрибуција на вртежниот момент - AYC (Active Yaw Control).

     


  • КОРИСНИ ФУНКЦИИ 

       
    Adjustable rain sensor
    Hidden washer nozzle
    Keyless operation system


    ПРИЛАГОДЛИВ СЕНЗОР ЗА ДОЖД

    Сензорот за дожд автоматски ги активира бришачите на ветробранот кога се детектира влага на стаклото. Сензорот истотака ја мери и достапната светлина и ги вклучува светлата кога тоа е неопходно. Така на пример: светлата реагираат и при преминување во тунел, или кога дневното светло се намали поради невреме. Овие функции прават возењето да е лесно и безбедно во сите услови.


    СКРИЕНИ ПРСКАЛКИ

    Прскалките кои предходно беа лоцирани на површината од капакот од моторот, сега се поставени под задниот раб од капакот. 

    KOS (БЕЗКЛУЧЕН СИСТЕМ ЗА РАБОТА) СО СТАРТ/СТОП КОНТРОЛА НА МОТОР

    Додека го носите клучот, можете да го притиснете копчето од надворешната страна на вратата или на задната врата за да ги отклучите/заклучите сите врати или притиснете го копчето за моторот во внатрешноста на кабината за да го стартувате моторот. 

    Steering wheel with remote control switches
    USB port & accessory 12V socket
    Rearview monitor/camera

    УПРАВУВАЧ СО КОПЧИЊА ЗА ДАЛЕЧИНСКА КОНТРОЛА

    Овие копчиња овозможуваат управување со аудио и навигацискиот систем без да ги тргнете рацете од управувачот. Со притиснување на копчето за повикување на говорни команди од вградениот Bluetooth интерфејс системот, можете да ракувате со надворешни уреди со помош на гласот или да изведете hands-free телефонски разговори..  

    USB ПРИКЛУЧОК

    USB приклучокот Ви овозможува да го поврзете Вашиот подвижен медија уред и да уживате во целата Ваша библиотека со премиум квалитет. 
     

    ЕКРАН ЗА ПОГЛЕД НАЗАД / КАМЕРА

    Екранот прикажува линии со кои се означува приближниот курс на движење на возилото, како и поглед на просторот зад него.                      

    ЗАБАВА

       
    CD/MP3 player

    Display audio

    SD navigation system

    CD/MP3 УРЕД

    Стандардниот модел овозможува прилагодување на квалитетот на звукот уникатно за OUTLANDER. USB конекторот е лоциран на подната конзола и воедно овозможува полнење на Вашиот дигитален аудио уред додека е поврзан или е вклучен на репродукција.

    АУДИО ЕКРАН

    Баланс помеѓу едноставен дизајн и различни функционалности е постигнт со користење на голем LCD екран и инструмент панел за работа со функциите.                       

    SD НАВИГАЦИСКИ СИСТЕМ

    Овој мулти-функционален систем прикажува чиста навигација, како и музички функции на големиот екран, кој може да се ракува со допир. Сликата од задната камера истотака може да се прикаже за да ја подобри безбедноста при возење.                     

    Clear wide screen 3D map view Audio system control

    ЈАСЕН И ШИРОК ЕКРАН

    Чистиот и широк VGA екран ги прикажува сите детали во висока резолуција. 

    ПРЕГЛЕД НА 3D МАПИ

    Мапите можат да се гледаат со 3D ознаки.

    КОНТРОЛА НА АУДИО СИСТЕМОТ

    Различни функции од аудио системот можат да се контролираат преку екранот, кој може да се ракува со допир.

    2 Screen viewing

    Metre display of guidance points ECO function information 

    ПРЕГЛЕД НА 2-ЕКРАНА

    Два екрани, како навигација и аудио може да биде прикажано во исто време.                      

    ПРИКАЗ НА ИНФОРМАЦИИ ЗА НАВИГАЦИЈА

    На екранот се прикажуваат информации за навигацијата, како што се растојание и насоки..

    ИНФОРМАЦИЈА ЗА ECO ФУНКЦИЈА

    Се прикажуваат ЕКО резултатот и останатите информации од ЕКО функциите.                      


    Rockford fosgate premium sound system

    DAB

    Colour liquid crystal multi-information display

    ROCKFORD FOSGATE ПРЕМИУМ АУДИО СИСТЕМ

    Електронски канали и механизми на репродукција на звук на премиум аудио систем е развиен во соработка со Rockford компанијата. Инженерите од двете компании изведоа целосно прилагодување на квалитетот на звукот, со што се добиваат високо квалитетни аудио перформанси.

    3.5cm високотонец со мек свод

    16см полипропиленски конусен звучник

    16см полипропиленски коаксијален двонасочен системски звучник 

    25cm субвуфер

    710W 8 канален DAB засилувач со висока моќ

    r

    DAB

    Овој приемник Ви овозможува да уживате во чистиот аудио радио пренос. Истотака прима текстуални информации како наслови на песни кои можат да бидат прикажани за Ваше задоволство                      

    МУЛТИ-ИНФОРМАЦИСКИ ЕКРАН ВО БОЈА СО ТЕЧЕН КРИСТАЛ 

    Мулти-информацискиот екран во боја со течни кристали е конструиран за лесна видливост и обезбедува корисни информации за возилото, патувањето и информации за надворешна температура. Со голем, 4.2 екран за подобрена видливост, се овозможува возачот да остане во тек со информациите од системот за ЕКО возење и дополнителен систем за поддршка при возењето