• 5 ДОБРИ ПРИЧИНИ
    1. Импресивен изглед
    2. Стил и просторност
    3. Моќност и перформанси
    4. Надминува off-road лимити
    5. Погон на 4 тркала
  • 0 PRODUCTS IN COMPARISON

    Close

    You Cannot Select More Than 5 Cars

Дознајте повеќе
  • Симнете документ

  • Promotional-block.jpg

    Пронајдете го Вашиот дилер

    Ви се допаѓа овој модел? Пронајдете го најблискиот дилер на Mitsubishi Motors!

Дознајте повеќе
  • НАДВОРЕШНОСТ

       
    DESIGN-8

    DESIGN-9  DESIGN-10 

    НОСАЧИ ЗА ПОКРИВ

    Просторната внатрешност на Pajero Ви обезбедува многу простор, во кој можете да внесете што и да сакате. Доколку треба да пренесете повеќе работи, или можеби сакате да товарите велосипеди или спортска опрема, Instyle верзијата со 5 врати е опремена со аеродинамични носачи за покрив, кои можат да носат дополнителен товар од 100 кг. 

    РЕЗЕРВНО ТРКАЛО

    Без оглед дали возите во „диви“ предели, минувате низ пустина или уживате во некое во возењето надвор од патиштата, резервното тркало е добредојдено. Достапна е прекривка за резервно тркало во темно сива или во боја на каросеријата.

    ЦВРСТИ И СО СТОЛСКИ ИЗГЛЕД АЛУМИНИУМСКИ ТРКАЛА 

    Добри алуминиумски тркала секогаш оставаат силен впечаток: тие ги комплетираат балансот и пропорциите на дизајнот на возилото. Pajero поседува 18-инчни алуминиумски тркала со смел и исклучителен дизајн, направени од лесна легура кои привлекуваат сечие внимание.

    ВНАТРЕШНОСТ

     
    DESIGN-6

    DESIGN-1  DESIGN-2 

    НАДВОРЕШНИ РЕТРОВИЗОРИ

    Pajero поседува интегрирани странични трепкачи и пристапни светла во ретровизорите во вратите.

    КВАЛИТЕТ

    Веднаш штом сте зад управувачот, релаксирани во меки, луксузни кожени седишта, високо поставени над сите други на патот, ќе добиете импресивен поглед на светот околу Вас. Секој детаљ во рафинираната внатрешност го одразува квалитетниот дизајн на Pajero - прикажано преку сребрената и со кожа обложена рачка на менувачот, многуте детали и кожениот управувач, што возилото целосно го прави привлечно на допир. 

    ВНАТРЕШНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

    Особено внимание е посветено на внатрешното осветлување. Во ноќни услови, кабината е со придушено Навечер, кабината е со придушено амбиентално светло. Спортскиот изглед на мерните инструментиостануваат осветлени постојано, со цел подобрување на видловоста.

    DESIGN-5

    DESIGN-3  DESIGN-4 

    УПРАВУВАЧ

    На управувачот обложен со кожа, се поставени контроли за аудио системот на дофат на вашите прсти, темпомат и Bluetooth® hands free приклучок за мобилен телефон. Овие функции овозможуват да направите избор и приспособување без да го тргнете погледот од патот. Кога контролата за трепкачи се поместува лесно, индикаторското светло за свртување автоматски ќе трепне три пати, по што сопира, овозможувајќи да се фокусирате на движењето на возилото и да го направите свртувањето полесно и побезбедно.

    ПРИКАЗ НА УБАВИНА

    Централниот екран може да прикаже мноштво информации, вклучувајчи време, датум, аудио, надворешна температура, мерач на висина, барометар и секако просечна брзина, економичност на потрошувачка на гориво и преостанато растојание на движење.

    РАЗЛАДУВАЊЕ

    Сите модели обезбедуваат целосно автоматизирана контрола на клима уредот.

  •  EURO5B

    ON И OFF ROAD ВОЗЕЊЕ 

     
    euro-b.jpg

    TECHNOLOGY-1

    EURO5B

    Pajero го исполнува Euro 5b стандардот поставен од Европска Унија, за ниво на емисија на штетни материи. Euro 5b моторите овозможуваат намалување на количината на честичките од азотни оксиди (NOx) и честички (PM) кои имаат штетно влијание врз здравјето кај луѓето и на околината.

    ПОГОН НА 4 ТРКАЛА

    За да обезбеди сигурно управување, како на автопат така и на најекстремни патишта во off-road услови на возење, Pajero поседува AWC (Контрола на сите тркала). Ова ги комбинира електронски контролиран Super Select 4WD (SS4-II) систем со активна стабилност и систем за контрола на пролизгувањето (ASTC). AWC нуди неверојатен зафат и ракување. Едноставно изберете го најдобриот начин на работа на менувачот и Pajero веднаш се прилагодува со цел да обезбеди одлична управливост на возилото дури и при услови со најголем предизвик при возење.




    МОЌНОСТ И ПЕРФОРМАНСИ 

    TECHNOLOGY-2 TECHNOLOGY-3  TECHNOLOGY-4

    SUPER SELECT 4WD (SS4-II)

    Ова е најимпресивен и најсофистициран 4WD систем за погон на 4 тркала, што воопшто досега сме го развиле. Тој овозможува да смените од 2WD. кој е со подобра ефикасност во однос на потрошувачката на гориво, во 4WD и тоа додека возите со брзини поголеми од 100 км на час - идеален во услови кога површината на патот одеднаш станува лизгава.

    Кога условите за возење стануваат потешки, можете да го стопирате централниот диференцијал за подеднакво дистрибуирање на моќноста на двете оски и да се постигне максимална влечна сила. 

    За врвна off-road способност, се бира мал преносен однос кој речиси двојно ја зголемува ефективноста на сопирањето на моторот во секоја брзина, овозможувајќи притоа помало забрзување, кое пак обезбедува лесно справување со лизгави и калливи површини или длабок снег. Super Select 4WD (SS4-II) навистина Ви го овозможува најдоброто во светот. 

    НАПРЕДНО НЕЗАВИСНО ПОТПИРАЊЕ НА СИТЕ 4 ТРКАЛА

    Систем за потпирање со двојни рамена за предното и со повеќе напречни и надолжни рамена (multi-link) за заднот потпирање, сите со завојни пружини, обезбедуваат независно водење на тркалата од едната во однос на тркалата од
    другата страна.

    Ова овозможува беспрекорно удобно возење и сигурно управување по сите видови терени.Параметрите на подобрениот систем за потпирање на Pajero не само што го
    намалува навалувањето на каросеријата туку и обезбедув сигурно возење без компромис, кон чистата возбуда при возењето.

    pajero-engine.jpg

    КАПАЦИТЕТ НА ВЛЕЧЕЊЕ

    Pajero има доволно моќност, возењето надвор од рамниот пат или влечењето до 3.500 кг, да го направи да биде лесно. (за 18-инчни алуминиумски тркала).

     







    3.2-L DI-D

    Овој напреден 3.2-литарски дизел мотор на Pajero со директно вбризгување (DI-D) од заеднички вод (Common Rail), овозможува возилото да се движи насекаде, брзо, глатко и тивко. Достапен е во верзија со манелен и автоматски менувач. Дизел филтерот за честички значително го намалува нивото на емисија на штетни материи.

  • ИЗОБИЛСТВО НА ПРОСТОР

    РАЗНОВИДНОСТ НА СЕДЕЊЕТО

    ROCKFORD АУДИО СИСТЕМ СО АКУСТИЧЕН ДИЗАЈН

    plentyofspace-pajero.jpg COMFORT-3

    COMFORT-2

    Можете да уживате во изобилството на простор за седење во секое време, како и корисниот простор за товарање, заедно со рационално распоредените прегради во кабината за помали предмети. На пример, со едноставен потег, потпирачот за раце од подната конзола можете да го поместите во поудобна позиција, кој исто така поседува дополнителен простор за складирање на Вашите лични работи.

    Различниот распоред на седење Ви овозможува трансформирање во луксузно превозно средство со седум седишта или во off-road возило со пет седиште или транспортер со две седишта. Третиот ред седишта може лесно да се склопат под подот, со што се добива рамна површина во долниот дел и максимален товарен простор во височина. Овие седишта исто така можат да бидат остранети, со што во делот на под подот се добива дополнителен простор за складирање. Вториот ред седишта е деллив во сооднос 60/40 и може да биде склопен зад предните седишта за да ослободите повеќе простор.

    Во срцето на конзолата каде што е сместен забавниот дел, се наоѓа премиум аудиосистем, специјално дизајниран за Pajero од страна на Rockford® Corporation. Опкружен со 12 оптимално позиционирани звучници, Вие добивате најспектакуларна акустична атмосфера во внатрешноста на возилото.Моќните задни сабвуфери даваат длабок и силен бас, додека останатите 11 премиум звучници ослободуваат богат стерео звук.

    НАВИГАЦИСКИ СИСТЕМ И ЗАДНА ПАРКИНГ КАМЕРА

       
    COMFORT-1

     

     


    Со помош на навигацијата на импресивниот мулти-комуникациски систем, можете да бидете прецизно водени во бараната насока, што се појавува на екранот кој работи на допир и со висока резолуција. Штом возилото почнува да се движи наназад, екранот емитува слика добиена од камера, поставена на задниот дел од возилото. Ова овозможува паркирање на темни места, без тешкотии.

       

  • ВИСОКА ПОЗИЦИЈА НА СЕДЕЊЕ 

    КСЕНОН (HID) ПРЕДНИ СВЕТЛА

    ASTC И КОНТРОЛА ПРИ СОПИРАЊЕТО 

    SAFETY-6
     
    SAFETY-1  SAFETY-7 

    Повисоката позиција на седење во Pajero, овозможува чист поглед над евентуалните пречки на патот.

    Предните ксенон светла (HID) нудат зголемена илуминација што ја подобрува видливоста. На располагање се бришачи за предни светла со функција за автоматско прилагодување на работата.

    ASTC (Active Stablity и Traction Control) е вистинска уметност кај Pajero, како систем за безбедност. Тој ја регулира силата на сопирање на секое тркало за време на свртувањето за да обезбеди одлична стабилност.

    Системот исто така одржува оптимална прилепеност кон подлогата при разни on и off-road услови на возење. ASTC спречува пролизгување на тркалото на лизгави површини и го минимизира ризикот од губење допир со подлогата на патот при забрзано движење во свиоци. Системот за помош при сопирање (Brake Assist System) го зголемува притисокот на педалата во ситуации при ненадејно сопирање. 

    Истотака, новиот помошен систем за сопирање (BOS) дава приоритет на сопирачката над педалата за забрзување, со што се овозможува возачот да го сопре возилото со ножната сопирачка дури и кога педалата за забрзување е притисната и возилото се движи со полна брзина.

     

    ПАСИВНА БЕЗБЕДНОСТ

     
    SAFETY-5  SAFETY-4

    SAFETY-3 

    ABS (Anti-lock Braking System) системот кај

    Pajero, заедно со EBD (Electronic Brake-force

    Distribution) обезбедува подобра, ефикасна

    дистрибуција на моќта на сопирање за секое

    тркало, без оглед на тоа колку луѓе патуваат

    внатре, како и товарот во возилото и

    површината на патот. Ова Ви овозможува

    максимална моќ на сопирање и стабилност при

    возењето.

    RISE КОНСТРУКЦИЈА

    Pajero е со засилена, монолитна RISE конструкција на каросеријата, што овозможува да се добие цврста структура, со предвидени зони на деформација околу моторот, за да се апсорбира енергијата при евентуален судир и да овозможи безбедност на секој патник.

    ISO-FIX И БЕЗБЕДНОСНИ ПОЈАСИ СО ПРЕДЗАТЕГНУВАЧИ

    За да се постави детското седиште брзо,едноставно и безбедно, вториот ред седишта е со вградени ISO-FIX приклучоци. Предните безбедносни појаси со предзатегнување и ограничување на силината нудат големо ниво на задржување со помал пренос на силината од ударот кон патниците.

      pajero-airbag.jpg

    pajero-airbag.jpg

    pajero-airbag.jpg

    ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА

    Во случај на судир, Pajero не само што има предни воздушни перничиња, туку и странични и перничиња-завеси,за врвна заштита за возачот и патниците.

    АВТОМАТСКО ДОЛГО СВЕТЛО

    Сензорот вграден во камерата,континуирано ги надгледува главните светла и задните светла на возилата кои приоѓаат и заминуват. Доколку се детектира возило кое се наоѓа во близина, системот на автоматски светла го вклучува краткото светло. Кога нема возила во близина, кои приоѓаат и заминуваат со вклучени предни или задни светла, системот веднаш го активира долгото светло. Без потреба од рачно регулирање, возењето е побезбедно и поудобно.


    LED ДНЕВНИ СВЕТЛА СО ПОЗИЦИСКО СВЕТЛО

    Освен подобрување на безбедноста со зголемување на видливоста при возење преку ден, LED дневните светла го дополнуваат и стилот на надворешниот изглед.

  • DAKAR RALLY 

       

    1983

    Heritage-1-1

    1984

    Heritage-2

    1985

    Heritage-3

    1986

    Heritage-4

    1987

    Heritage-5

    1988

    Heritage-6

    1989

    Heritage-7

    1990

    Heritage-8

    1991

    Heritage-9

    1992

    Heritage-10

    1993

    Heritage-11

    1994

    Heritage-12

    1995

    Heritage-13

    1996

    Heritage-14

    1997

    Heritage-15
     

    1998

    Heritage-16

    1999

    Heritage-17

    2000

    Heritage-18
     

    2001

    Heritage-19

    2002

    Heritage-20

    2003

    Heritage-21

    2004

    Heritage-22

    2005

    Heritage-23

    2006

    Heritage-24 

    2007

    Heritage-25

    2008

    Heritage-26

     

    OVER 70 YEARS OF 4X4 TECHNOLOGY 

       

    HERITAGE-2

    Нашиот прв 4WD прототип, PX33 се појави во 1937 и од тогаш, продолжуваме да доминираме со тешкиот и груб 4X4 свет со развој и унапредување на технологиите како познатиот Super Select 4WD. Првата генерација на Pajero се појави во 1982. Денешната четврта генерација на Pajero го задржува истиот цврст карактер, но еволуираше во порафинирано возило за да ги пресретне очекувањата и предизвиците на дваесет годишната еволуција.