• 5 добри причини
    1. Висок квалитет & спортски дизајн
    2. Просторност
    3. Лидер во економичност
    4. Удобност
    5. Најбогато опремен
  • 0 PRODUCTS IN COMPARISON

    Close

    You Cannot Select More Than 5 Cars

  • Симнете документ

  • promotional-block

    Find your dealer

    Like this model? Find your nearest dealer to buy this model!

  • НАДВОРЕШНОСТ

    EXTERIOR FEATURES

    НАДВОРЕШНИ КАРАКТЕРИСТИКИ

    Новиот Space Star еволуираше во понапреден автомобил со спортски стил, со нов изглед на предниот браник и хромирани детали, впечатлив изглед на предните би-ксенон светла со LED позициски светла, стилизиран изглед на задниот дел од возилото со нов дизајн на алуминиумските тркала. Исто така новиот изглед на внатрешноста создава нова пријатна атмосфера во возилото..

    NEW BODY COLOURS

    НОВИ БОИ 

    Новиот Space Star е достапен со две нови бои на каросеријата .

    HEADLAMPS

    ПРЕДНИ СВЕТЛА 

    Атрактивните би-ксенон светла со LED позициски светла се дизајнирани за да обезбедат поголема видливост, како и впечатливост на возилото.

    LED REAR COMBINATION LAMPS

    LED ЗАДНИ СВЕТЛА

    Новите LED задни светла овозможуваат поголема заштеда на енергијата и видливост. 

    FRONT AND REAR BUMPER

    ПРЕДЕН И ЗАДЕН ИЗГЛЕД

    Новиот преден браник, решетката со хромираните детали, како и изгледот на задниот браник на новиот Space Star му даваат рафиниран изглед.

    DOOR MIRROR WITH SIDE TURN LAMP

    НАДВОРЕШНИ РЕТРОВИЗОРИ СО ТРЕПКАЧИ 

    Новиот Space Star поседува фино интегрирани трепкачи во страничните надворешни ретровизори.

    REAR SPOILER WITH STOP LAMP

    ЗАДЕН СПОЈЛЕР СО СТОП СВЕТЛО 

    Спојлер поставен на покривот на задниот дел на возилото го намалува отпорот на воздух. Во него е сместен LED стоп светло со кое се зголемува безбедноста.

    15-INCH ALLOY WHEEL

    15-ИНЧНИ АЛУМИНИУМСКИ ТРКАЛА 

    Алуминиумски тркала со големина од 15-инчи и уникатен дизајн, двобојни црно-сребрени, го истакнуваат спортскиот и префинет изглед на возилото. 

    14-INCH ALLOY WHEEL

    14-ИНЧИ АЛУМИНИУМСКИ ТРКАЛА 

    Алуминиумски тркала со големина од 14-инчи го истакнуваат столскиот изглед на возилото. 

    SIDE AIR DAMS

    СТРАНИЧНИ ВОЗДУШНИ СПОЈЛЕРИ

    Со овие спојлери се подобрува аеродинамичноста преку оптимизација на струењето на воздухот под возилото..

    ВНАТРЕШНОСТ

    INTERIOR FEATURES

    ВНАТРЕШНИ КАРАКТЕРИСТИКИ

    Инструменти дизајнирани за прегледно информирање, управувач обложен со кожа со „пијано“ црни и хроморани елементи за декорација, вградени материјали со висок квалитет го прават новиот Space Star да изгледа „шик“ со истакнат спортски имиџ. Внатрешноста е достапна во верзии Black или chic Black & Ivory.

    SEMI HIGH-CONTRAST TYPE COMBINATION METER WITH CHROME SURROUNDS

    ИНСТРУМЕНТ ТАБЛА СО ХРОМИРАНИ ДЕТАЛИ 

    Мерните инструменти се големи, осветлени и прегледни за читање. Силината на осветлувањето може да се менува.

    GENERAL PURPOSE MONITOR: MULTI- INFORMATION DISPLAY

    МУЛТИ-ИНФОРМАЦИСКИ ЕКРАН 

    Новиот Space Star поседува мулти-информациски екран кој обезбедува податоци за функцијата AS&G, потрошувачката на гориво, степенот на пренос и надворешната температура. Индикаторот за степен на пренос воедно покажува кога е најдобро за менување на соодветната брзина во зависност од вртежите на моторот, со што се намалува потрошувачката на гориви и емисија на CO2.

    SEAT MATERIAL

    СЕДИШТА 

    Новите седишта имаат модерен изглед и се изработени од високо-квалитетни материјали. Достапни се верзиите “Ivory & Black” и “Black”.

    STEERING WHEEL

    УПРАВУВАЧ

    Новиот управувач на Space Star е обложен со кожа и вклучува „пијано“ црни и хроморани детали.

  • ВНАТРЕШЕН ПРОСТОР

    INTERIOR ROOMINESS

    ВНАТРЕШНА ПРОСТОРНОСТ

    Просторноста на Space Star ги надминува Вашите очекувања. Вградените материјали пружаат вистинско задоволство, а тоа чувство се зголемува додека се возите во исклучително удобните, ергономски дизанирани седишта. Задните седишта може да се преклопуваат во сооднос 60:40, со што се зголемува товарниот простор.

    LUGGAGE SPACE & LUGGAGE FLOOR BOX

    БАГАЖНИК & КУТИЈА ПОД ПОДОТ НА БАГАЖНИКОТ 

    Багажниот простор може да се зголеми со спуштање на задните седишта, со што се добива голем товарен простор со рамен под.Исто така, под подот се наоѓа дополнителна кутија за складирање. 

    REAR SPOILER WITH STOP LAMP

    ДЕЛЛИВИ ЗАДНИ СЕДИШТА ВО СООДНОС 60:40

    За да може да се сместат долги предмети, задните седишта може целосно да се склопат или во сооднос 60:40 може делумно да се склопат, односно да се обезбеди дополнителен багажен простор и седиште кое може и натаму да се користи.

    GLOVE BOX & TRAY

    ПРЕДНА ФИОКА

    Во предната фиока може да се сместат шишиња и други неопходни работи.

    FRONT DOOR TRIM

    ПРЕДНА ВРАТА СО ЏЕБ ЗА ОСТАВАЊЕ ПРЕДМЕТИ

    Дополнителни места за оставање предмети и држач на шише (на двете страни на предните врати) .

    ИНТЕЛИГЕНТНИ ФУНКЦИИ

    KEYLESS OPERATION SYSTEM (KOS)

    KOS - БЕЗКЛУЧЕН СИСТЕМ

    Со помош на безклучниот систем, со едноставно притиснување на копчето однадвор на вратата на возачот или багажникот, можете да ги отклучите или заклучите сите врати на возилото и можете да го стартувате моторот.

    START/STOP BUTTON

    СТАРТ/СТОП КОПЧЕ НА МОТОР

    Space Star e опремен со бесклучен оперативен систем кој Ви овозможува да почнете со возење без воопшто да посегнете по клучот во Вашиот џеб. За да стартувате, се што Ви треба е да притиснете на копчето кое се наоѓа во близина на централниот панел со притисната спојка и рачката од менувачот во неутрална позиција за мануелен или во паркинг позициј за CVT. Со едно притискање, моторот стартува моментно и веќе сте на Вашиот пат. Откако ќе пристигнете на Вашето одредиште, уште едно притискање е се што е потребно за да го исклучите моторот.

    KEYLESS OPERATION KEY

    KОS КЛУЧ

    DRIVER'S SIDE DOOR LOCK

    КОПЧЕ ЗА ОТКЛУЧУВАЊЕ/ЗАКЛУЧУВАЊЕ НА ВРАТА НА ВОЗАЧ

    DOOR LOCK

    КОПЧЕ ЗА ОТКЛУЧУВАЊЕ/ЗАКЛУЧУВАЊЕ НА ВРАТА НА БАГАЖНИК

    ETACS

    ETACS или систем за електронска контрола на време и алармирање, овозможува персонализирање на операции кои се однесуваат во делот на безбедноста и удобноста. На пример, можете да го одредите времето колку долго да останат вклучени светлата, откако ќе ги заклучите вратите, како и брзината на бришачите на стакло. Одредени ETACS функции во делот на удобноста можете самостојно да ги приспособите. За целосна листа на ETACS функции, Ве молиме советувајте се со Вашиот Mitsubishi Motors дистрибутер.

    POWER WINDOW TIMER

    ТАЈМЕР НА ПРОЗОРЦИТЕ

    Дури и по исклучување на моторот, електрично задвижуваните прозорци може да се отворат или затворат за 30 секунди пред да се отвори вратата.

    HEADLAMP AUTO OFF FUNCTION

    АВТОМАТСКО ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ПРЕДНИ СВЕТЛА 

    Предните светла може автоматски да се вклучат и исклучат, во зависност од надворешната светлина. Оваа функција е погодна при возење на места со многу тунели. 

    AUTOMATIC WIPERS WITH RAIN SENSOR

    АВТОМАТСКИ БРИШАЧ И СЕНЗОР ЗА ДОЖД

    Сензорот за дожд автоматски ги активираат бришачите на ветробранското стакло, кога е детектирана влага. 

    Забелешка: Достапно само во Invite и Intense 

    .

    AUTO REAR WIPE FUNCTION FOR REVERSE

    АВТОМАТСКО ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЗАДЕН БРИШАЧ

    Кога командата за задните бришачи е наместена на позицијата "INT", тогаш бришачот автоматски се вклучува кога менувачот е ставен во позиција за движење наназад, со цел да се подобри видливоста.

    INTERIOR LIGHT DELAY

    ВНАТРЕШНО СВЕТЛО СО ЗАДОЦНЕТО ИСКЛУЧУВАЊЕ

    По исклучување на моторот, внатрешното светло останува вклучено 15 секунди, со цел да Ви помогне при излегување од возилото.

    LANE CHANGE TURN SIGNAL SYSTEM

    СИГНАЛ СИСТЕМ ПРИ ПРОМЕНА НА КОЛОВОЗ

    Кога ја менувате лентата на движење, може само лесно да ја допрете рачката за индикаторот за правец, за светлото да трепне трипати. Трепкањето исто така може да го видите и на инструмент-таблата


    OPEN DOOR ALARM

    АЛАРМ ЗА ВРАТА

    Автоматско вклучување на алармот доколку тргнете со возилото, а притоа некоја врата е делумно или целосно отворена. 

    AUTO DOOR RELOCK SYSTEM

    АВТОМАТСКО ЗАКЛУЧУВАЊЕ НА ВРАТИТЕ

    Во рок од 30 секунди, откако однадвор е активирано копчето за отклучување, системот овозможува повторно автоматско заклучување на сите врати, доколку ниту една не е отворена. 

    ДРУГИ УРЕДИ

    MULTIFUNCTION GPS NAVIGATION (SMARTPHONE-LINK) (MGN)

    МУЛТИФУНКЦИСКА GPS НАВИГАЦИЈА (SMARTPHONE-ПОВРЗУВАЊЕ) (MGN)

    MGN системот е достапен преку 6.5” WVGA (800 x 480mm) LCD и DVD уред вграден во централната конзола. deck mounted in the centre console. Преку голем екран на допир, MGN нуди разновидност на поврзување со паметните телефони, како и навигациска карта за различни држави во Европа.

    AUDIO SYSTEM

    АУДИ СИСТЕМ

    Аудио системот е интегриран во инструмент таблата. Таа има црна пијано завршница и дизајн кој го надополнува ентериерот. Опцискиот систем за навигација е опремен со големи копчиња за контрола со кои се подобрува оперативноста. Системот, истотака е опремен и со еквилајзер кој е специјално приспособен за Space Star со цел да се добие подобра и попријатна акустика. Во системот совршено е вклопен широк, 2DIN панел изработен специјално за Space Star. Тој овозможува уживање без пречки на 1-seg пренос и лесна конекција со портабл медија уреди.

    HANDS-FREE SYSTEM AND AUDIO CONTROL

    HANDS-FREE СИСТЕМ И АУДИО КОНТРОЛИ 

    Практичните контроли за аудио системот и Bluetooth® hands- free систем за мобилни уреди се поставени на управувачот за лесен дофат.

    *Само за модел без навигациски систем.

    Забелешка: Bluetooth® е заштитена трговска марка на Bluetooth SIG Inc.

    FULLY AUTOMATIC AIR CONDITIONER

    ЦЕЛОСНО АВТОМАТИЗИРАН КЛИМА УРЕД 

    Одржување на оптималната температура прави да се чувствувате свежи при топло време. 

    Забелешка: Достапно со Intense.

    .

    MANUAL AIR CONDITIONING SYSTEM

    МАНУЕЛЕН КЛИМА УРЕД

    Новодизајнираниот мануелен клима уред е дел од стандардната опрема. 

    TILT ADJUSTABLE STEERING COLUMN

    РЕГУЛИРАЊЕ НА УПРАВУВАЧОТ

    Управувачот може да се подигне или спушти за да се овозможи идеална позиција на возење.

    CRUISE CONTROL SYSTEM

    ТЕМПОМАТ

    Брзината на возилото автоматски се одржува без држење на стопалото на педалата за забрзување овозможувајќи порелаксирано возење при продолжени патувања. Притискање на спојката или сопирачката го исклучува системот.

    SLIDING AND RECLINING DRIVER'S SEAT WITH HEIGHT ADJUSTMENT

    ВОЗАЧКО СЕДИШТЕ СО ЛИЗГАЊЕ, НАКЛОНУВАЊЕ И ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА ВИСИНАТА

    Седиштето на возачот може да се подигне или спушти за да овозможи добра и удобна позиција на возење.

    PASSENGER SEAT WITH CONVENIENCE HOOK

    СОВОЗАЧКО СЕДИШТЕ СО ПРАКТИЧНА КУКА

    Практичната кука на совозачкото седиште е лесна и практична за користење.

    ELECTRIC ADJUSTABLE DOOR MIRRORS

    ЕЛЕКТРИЧНО ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА РЕТРОВИЗОРИ

    Далечински контролираните ретровизори на вратите можат да се склопат кон внатре и надвор од возачкото седиште.

    FLOOR CONSOLE WITH CUP HOLDER

    КОНЗОЛА НА ПОДОТ СО ДРЖАЧ ЗА ЧАША 

    .

  • LIGHTWEIGHT BODY

    ЛЕСНА КАРОСЕРИЈА 

    Каросеријата е екстремно цврста и лесна благодарејќи на несебичната употреба на челични плочи со висока затегнувачка цврстина кои исто така придонесуваат за повисока безбедност при судар

    CLEAN, CLEVER, CLEARTEC

    ЧИСТО, ПАМЕТНО, CLEARTEC

    Чисто и паметно - Space Star располага со опрема кои нудат eco-пријателски решенија и значително ја намалуваат CO2 емисијата и потрошувачката на гориво. Стандардните елементи вклучуваат Auto Stop & Go, индикатор за менувачот, ECO помош при возење, лесна каросерија и „паметен“ алтернатор кој ја дополнува батеријата при забавување или сопирање..

    CLEARTEC LINE-UP

    CLEARTEC МОТОРИ

    И двата модели, 1.0 литарски и 1.2 литарски MIVEC поседуваат „паметни“ технологии и се „најчистите“ мотори во својата класа. 1.0 литарскиот мотор развива моќност од 71кс со само 4.0 литри/100км (за 5МТ AS&G) додека 1.2 литарскиот има моќност од 80кс, со потрошувачка од само 4.1 литри/100км (AS&G), и импресивно најдобра економичност во својата класа.

    AUTO STOP & GO

    AUTO STOP & GO

    Auto Stop & Go (AS&G) ја подобрува економичноста и намалува CO2 емисијата со автоматско исклучување на моторот кога возилото не се движи, како во случаи при чекање на сообраќајни семафори. Моторот се рестартира веднаш кога ќе го тргнете стопалото од сопирачката..

    ECO DRIVE ASSIST

    ECO ВОЗЕЊЕ

    Овој покажувач ја прикажува ефиканоста на Вашиот начин на возење во однос на потрошувачката на гпориво. Колку повеќе сијалички се вклучени на покажувачот, толку повеќе означува подобра ефикасност.

  • МОТОРИ

    ENGINES

    МОТОРИ

    Кај моделот Space Star на располагање се 1.0-l или 1.2-l бензински MIVEC* мотори. Моторот со зафатнина од 1.0-l е со импесивна потрошувачка од само 4.0 литри/100км, додека моторот со зафатнина од 1.2-l има моќност од 80 КС при 6,000 вр/мин и максимален вртежен момент од 106 N·m при 4,000 вр/мин.
    * Mitsubishi Innovative Valve timing Electronic Control system

    EURO 6B

    EURO 6 СТАНДАРДИ НА ЕМИСИЈА

    Space Star го исполнува Euro 6 стандардот за емисија на птетни материи поставен од страна на Европската Унија. Овој стандард овозможува намалување на азотните аксоди и честици во воздухот.

    TRANSMISSION

    5-SPEED MANUAL TRANSMISSION

    5-СТЕПЕН МАНУЕЛЕН МЕНУВАЧ

    5-степената мануелна трансмисија е достапна за сите оние кои сакаат да ја почувствуваат контролата над возилото.

    INVECS-III CV

    INVECS-III CVT

    INVECS-III (Intelligent & Innovative Vehicle Electronic Control System III) CVT - трансмисија со широк сооднос го одржува на оптимално ниво бројот на вртежи во минута при високи перформанси и економичност на горивото. Ќе уживате во урамнотежен начин на забрзување, како и при ефикасното избирање на брзините во сите услови на возење.

    ЕКОНОМИЧНОСТ НА ГОРИВО

    FUEL ECONOMY

    ЛИДЕР ВО СВОЈАТА КЛАСА ВО НИСКА ПОТРОШУВАЧКА

    Потрошувачката изнесува само 4.0 литри/100км* што подразбира висока ефикасност на моторот и ниска емисија на CO2 благодарение на компактниот и ефикасен мотор, еден од најаеродинамичните автомобили со коефициент на отпор на воздухот од Cd: 0.27 и оптимизација на моторот со конструкцијата на возилото.
    * On 1.0-litre 5MT модел со AS&G (EU комбиниран циклус)

    LIGHTWEIGHT BODY

    ЛЕСНА КОНСТРУКЦИЈА

    Конструкцијата и дизајнот на сите компоненти се внимателно изработени.Направено е намалување на тежината на возилото,без притоа да се доведе во прашање неговата безбедност.

    AЕРОДИНАМИЧЕН ДИЗАЈН

    AERODYNAMIC DESIGN

    Space Star сосема лесно се движи низ ветерот, благодарејќи на контурите на возилото,обликувани со помош на компјутерска симулација и при тестирања направени во воздушен тунел. Неговиот аеродинамичен облик постигнува коефициент на отпор на воздух (Cd) of 0.27*, кој е водечки во својата класа,што овозможува намалување на нивото на бучавоста на воздухот, како и на емисијата на CO2, а притоа се подобрува економичноста на горивото и стабилноста при поголеми брзини на движење.

    УПРАВУВАЊЕ                                                                    ФИНАЛНО ПРИЛАГОДЕНА СУСПЕНЗИЈА

    A MINIMUM TURNING RADIUS AMONG THE SMALLEST IN ITS CLASS

    МИНИМАЛЕН РАДИУС НА СВРТУВАЊЕ - МЕЃУ НАЈМАЛИТЕ ВО СВОЈАТА КЛАСА

    Малиот радиус на свртување озозможува одлично управување на Space Star

    FINELY TUNED SUSPENSION

    Space Star поседува MacPherson потпирачи, а задната суспензија е со торзиона оска  

  • АКТИВНА БЕЗБЕДНОСТ

    EXCELLENT VISIBILITY

    ОДЛИЧНА ВИДЛИВОСТ

    Предните столбови се така поставени за да обезбедат подобра прегледност, односно јасен, непречен поглед на патот. Погледот позади е обезбеден со приказ на вистинскиот поглед назад преку SD навигацискиот екран*.

    ABS WITH EBD

    ABS СО EBD

    ABS спречува блокирање на тркалата при ненадејно сопирање за да одржите најголема можна контрола при управување дури и на лизгави патишта. EBD* ја распределува силата на сопирање кон сите тркала за да ги подобри перформансите на сопирањето.

    POWER WINDOW

    ЕЛЕКТРИЧНО РЕГУЛИРАЊЕ НА ПРОЗОРИТЕ 

    Прозорите се отвораат и затвораат со еден допир. Движењето на прозорецот кај возачот автоматски сопира и се спушта доколку објект како рака или друго биде детектирано при кревање на прозорецот.

    IMMOBILISER

    ИМОБИЛИЗАТОР

    Клучот зрачи единствен код кој мора да се совпадне со кодот програмиран на моторниот контролен систем, за да се стартува моторот. Моторот нема да стартува без единствениот авторизиран клуч со што ефективно се спречува кражба

    HILL START ASSIST

    ПОМОШ ПРИ ТРГНУВАЊЕ НА НАГОРНИНА

    При тргнување на нагорнини, HSA системот не дозволува возилото да се врати наназад, при менување на позицијата на ногата од педалата за сопирање на онаа за гас, со автоматско одржување на силата на сопирање за 2 секунди се додека не притиснете на педаатат за гас.

    ASC WITH TCL

    ASC СО TCL

    Напредниот систем за Активна Контрола на Стабилноста (ASC) и Контрола на Пролизгување (TCL) на Space Star ја регулира силата при сопирање кај секое тркало при свртување за да обезбеди супериорна стабилност. ASC & TCL исто така спречува пролизгување на влажни или замрзнати патишта и при сите временски услови, го минимизира ризикот од опасно подуправување кое се случува при движење во свиок со голема брзина.

    EFFECTIVE BRAKING

    ЕФЕКТИВНО СОПИРАЊЕ

    Активната безбедност е подобрена со BOS системот, кој во случај на истовремено притиснување на педалата за гас и сопирачката, приоритет и дава на сопирачката..

    ПАСИВНА БЕЗБЕДНОСТ

    RISE BODY

    RISE КОНТРУКЦИЈА

    За Ваша и безбедност на Вашите патници, Space Star поседува RISE цврста конструкција (Reinforced Impact Safety Evolution) од челици со голема цврстина и моќ на затегнување и кои ефективно ја апсорбираат и распределуваат енергијата од ударот во сите насоки.s.

    AIRBAGS

    ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА

    Предните, страничните и воздушните перничиња-завеси, ја намалуваат енергијата од ударот кој доаѓа од сите насоки и избегнување на евентуални потешки повреди кај возачот и патниците во случај на судар.

    PRETENSIONER

    ПРЕДЗАТЕГНУВАЧИ

    Предзатегнувачите автоматски ги затегнуваат предните појаси во случај на преден судар за да помогне во задржување на возачот и предниот патник и намалување на силата на удар кога предните воздушни перници се активирани.

    ISO-FIX

    ISO-FIX

    За да се направи едноставно, брзо и безбедно поставувањето на детско седиште, вториот ред седишта на Space Star имаат вградени ISO-FIX конектори.

    EMERGENCY STOP SIGNAL SYSTEM (ESS)

    СИГНАЛЕН СИСТЕМ ЗА НЕНАДЕЈНО СОПИРАЊЕ (ESS)

    ESS е конструиран да ја намали можноста од заден удар. во случај на ненадејно сопирање, кога макс. се притиснува на педалата за сопирање, Space Star автоматски ги активира светлата за опасност со што ги предупредува другите учесници во собраќајот за опасната ситуација.

    PRETENSIONER

    TPMS (СИСТЕМ ЗА МОНИТОРИНГ НА ПРИТИСОКОТ ВО ГУМИТЕ)

    TPMS вклучува сензори-трансмитери, кои се наоѓаат во тркалата за да го надгледува притисокот во пневматиците и да ја активира светилката за предупредување на информацискиот екран, доколку едно или повеќе тркала се значајно ослабени